Битола Шекспир Фестивал 2016

Четврт Интернационален Битола Шекспир фестивал

23.06 -01.07.2016г. Битола , Македонија

 

ЕМШФ ПОСАКУВА ДОБРЕДОЈДЕ НА НОВИОТ ЧЛЕН  БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ

Со задоволство го објавуваме новиот член на Европската мрежа на Шекспир фестивали (ЕМШФ): Битола Шекспир фестивал од  Македонија, претставен од страна на Благој Мицевски. Со топло добредојде го пречекавме новиот член на генералната годишна средба на ЕМШФ чиј домаќин бешеИнтернационалниот Шекспир фестивал од Крајова.

Добредојдовте во мрежата!

 

Screenshot_1

 

На собранието присуствуваа следните членови: Емил Борогиња, Александру Буерану, Филип Пар, Блогој Мицевски, Никита Миливојевиќ, Д-р Рејнер Вирц, Јоана Сниецко, Јоланда Манеску, Маријана Варга, Мирчеа Корнистеану, Хакоб Газанчијан.

 

24 јуни (петок) 2016г.

20:00 ч. НУ Народен театар Битола

по В. Шекспир

ПЕРИКЛЕ

Итака арт центар Инѓија и Народен театар Шабац, Србија; под покровителство на градот Нови Сад

Aдаптација и режија: Никита Миливојевиќ

За претставата

Сметам дека неколкуте последни Шекспирови драми (Симбелин, Зимска сказна, Перикле, Бура) се навистина посебни. Во нив како да нема стварна вистина, повеќе се тоа некакви фантастични приказни преполни со неверојатни настани, со полно преврати и изненадувања, но и со доста недоследности и неусогласености меѓу настаните. Многу нешта се временски и просторно имагинарни и дејствуваат како „сказна“.

perikle-1

Бидејќи последните години имам впечаток дека живееме во една „стварност како од сказните“, доста нестварна стварност, во кој е сѐ возможно, одеднаш овие последни Шекспирови драми ми станаа едни од најомилените. Имено таа „неверојатност на настаните“ носи во себе посебна привлечност.

perikle-2

Перикле е меѓу најретко играните Шекспирови текстови и ова ќе биде прво изведување на оваа Шекспирово драма во српската театарска продукција.

Никита Миливојевиќ

 

25 јуни (сабота) 2016 г.

20:00 ч. НУ Народен театар Битола

В. Шекспир

КОМЕДИЈА НА ГРЕШКИ

НУ Турски Театар – Скопје

Режија: Коле Ангеловски

За претставата

Комедијата на забуни (грешки) е едно од најраните шекспирови дела, за првпат изведена на 28 декември 1594. Таа е и најкратката комедија, инспирирана од плаутовите Менхеми, но Шекспир го збогатил дејствието, кое се базира на забуните и грешките што настануваат со промената на идентитетот на близнаците. Тоа е брза, скоро фарсична комедија, една од најиграните, преведувана на повеќе јазици, направени се мјузикли, опери, снимени филмови и безброј различни интерпретации.

25.0601

Нашата претстава како основа го има шекспировиот текст и времето и времето во кое е напишан. Значи, сценографијата, костимите, музиката, начинот на говор се „шекспировски“ но бидејќи дејствието се случува во Ефес, медитерански град, кој се наоѓа во Турција, нормално е да има многу турски додатоци.

25.06

Исто така не можеме да бидеме рамнодушни на она што ни се случува денес, така што во нашата претстава ќе се наиде на многу современи референци.

Но пред сè, ова е една забавна и позитивна комедија и длабоко се надеваме дека ќе уживате додека ја гледате, како што ние уживавме додека ја работевме.

Коле Ангеловски

 

26 јуни (недела) 2016 г.

20:00 ч. НУ Народен театар Битола

В. Шекспир

KОРИОЛАН 

(награда за најдобра режија, најдобар актер, најдобра актерка на ITF  Acco/Аcre)

 Hamoshavot ансамбл од Зихрон-Јахов, Израел

Режија: Итаи Дорон

За претставата

Кориолан е последната трагедија напишана од Шекспир (некаде околу 1605-1608 г.). Претставата се заснова на животот на Римскиот генерал Гај Маркус Кориолан, на почетокот на Римската Република (510 п.н.е.).

Преку приказната за римскиот генерал, Кориолан, како и приказната за двата завојувани народи, се среќаваме со едно општество полно со почит кон војната и честа, а со сквернавење на интегритетот и неговите водачи. Ова е приказна за првата демократска република во светот: патување назад во историјата на нејзинотот создавање, од која ние сме неодделив дел. Улогата на хероите и генералите, на границите и нивното пробивање. Тука е Рим и сите патишта водат кон него.

26

Драмата, за која Т.С.Елиот вели дека е врв на творештвото на Шекспир, само еднаш е изведена во Израел и тоа пред 40 години. Мене, како режисер, ме изненадува тој факт, имајќи во предвид дека оваа драма толку точно и вистинито го рефлектира општеството и политичката реалност во која живееме.

Кориолан е драма која го сведува општото владеење на прашалници, извичници и главно на три точки.

26.06-Izrael-2

Брехт, Гинтер Грас, Т.С.Елиот, Бетовен. Ова е само мал дел од листата на творци кои оваа драма не ги оставила рамнодушни и која ги поттикнала да создаваат повторно, да разоткриваат, да одберат страна и да ја зачинат со музика.

Итаи Дорон

 

27 јуни (понеделник) 2016г.

20:00 ч. НУ Народен театар- Битола

В. Шекспир

ЈУЛИЕ ЦЕЗАР (праизведба)

Лит Мун театарска компанија – Санта Барбара, Калифорнија, Сад

Режија: Џон Блондел

За претставата

Шекспир ја напиша Јулие Цезар во 1599 г. Една исклучителна драма, создадена во една вистински исклучителна година на која и припаѓаат и Хенри V, Хамлет, Како што милувате. Неверојатно.

cezar 1

Оваа изведба е создадена – барем делумно – за да му претходи и за да го надополни поставувањето на Антоние и Клеопатра на Народниот  театар Битола во 2015г. Хронолошки ѝ претходи на приказната и продолжува со некои од естетските експерименти од таа претстава.

Јулие Цезар е мошне прикладна претстава за времето во кое живееме, кога се популарни прашањата кој кого ќе наследи, кога новите тегоби на популизмот не му даваат мир на светот или кога ефектите од промена на режимот ги гледаме секој пат кога ќе го промениме каналот на телевизорот – или за Битола – кога ќе се погледнеме низ прозорецот.

cezar-2

Лит Мун се фокусира на личната страна на приказната – трагедија меѓу пријатели. Дејствата и последиците од нив, го втурнуваат светот во хаос и во една сеизмичка и катаклизмична промена. Чувајте се од Мартовските Иди. И внимавајте!

Џон Блондел

 

28 јуни (вторник) 2016г.

20:00 ч. НУ Народен театар Битола

по Ромео и Јулија на В. Шекспир

МОНТЕКИ И КАПУЛЕТИ

Куклен театар од Бјалисток, Полска

Режија: Руслан Кудашов

 

За претставата

„Две семејства, по достоинство сосем исти

во убавата Верона, каде што дејството се води

од памтивек раскарани пак се караат, немаат три чисти,

за гуша се фаќаат, секој секого боди…”

monteki-kapuleti

Ова се првите два стиха од највозвишената љубовна трагедија во историјата на човештвото. Но, ќе се излажете ако очекувате да ги слушнете овие стихови во изведбата на Руслан Кудажов. Неговата поставка покажува една сосема друга страна на оваа стара приказна за Ромео и Јулија. Во претставата се користат многу малку зборови, имиња и знаци, но затоа пак се отстапува повеќе простор на гестикулациите, емоциите, чувствата, кои се всушнот главните ликови во претставата. Љубов, омраза, пријателство, носталгија – ова се чувствата со кои ги поседуваат и со кои се борат главните ликови, исто како и ние.

Руслан Кудашов

29 јуни (среда) 2016г.

20:00 ч. НУ Народен театар Битола

по Хамлет од Вилијам Шекспир

ХРОНИКА НА ПРИНЦОТ Х.

Куклен театар од Бјалисток, Полска

Адаптација и режија: Јацек Малиновски

За претставата

Драмата напишана од нам добро познат автор  е основа за размислување на тема манипулација, еден циничен начин за да се постигне целта, да се користи влијанието и да се стане моќен.

History-of-prince-H

Трагична слика на една борба што опишува дегенериран и индиферентен морал обземен од чувството на одмазда спрема правдата што се третира наивно.

 Jацек Малиновски

 

30 јуни (четврток) 2016г.

20:00 ч. НУ Народен театар- Битола

СОНЕТИ НА ЛЕТНАТА НОЌ

Копродукција: НУ Народен театар- Битола и Лит Мун театарска компанија – Санта Барбара, Калифорнија, Сад

Четири приказни инспирирани од Сонетите од В. Шекспир.

 

1јули (петок) 2016г.

20:00 ч. НУ Народен театар- Битола

по Сонети од В. Шекспир

Режија: Јован Ристoвски

СОНЕТИ

Режија: Ангелчо Илиевски

За претставите

Сонетите на Шекспир се исклучително храбри, неконвенционални, луцидни; во нив Шекспир си поигрува, провоцира, се преиспитува себе си и нас, нудејќи ни еден комплексен поглед на животот во кој никогаш не можеме да се дистанцираме од преиспитувањето на најважните проблеми што ја мачат денешницата.

Поттикнат од овој драмски потенцијал на Сонетите,  режисерот Јован Ристовски создава еден исто толку необичен тетарски свет со драмска предлошка-материјал инспириран токму од ова поетско творештво, необичен не само по сензибилитет туку и по форма, по содржина, по израз.

soneti Jovan 3

Oваа комплексност и отвореност за толкување на Сонетите  младиот режисер Ангелчо Илиевски ја користи да се постават на сцена како комплетна претстава „Сонети”, едновремено и како негов авторски драмски текст чија драматизација се темели само врз колажирање на 30 Шекспирови сонети кои вклучуваат и две поеми на Кристофер Марлоу. Се редат собитија кои создаваат силни визуелни композиции со специфична актерска комункација

soneti Angelco 10

 

Актерска архива од емоции и  изобилство од коментари со аргумент „за промена”што завршува во публиката- таа е окото во кое се рефлектира сцената.

Билјана Крајчевска, драматург

 

*гостување

25 јули 2016г.

20:00 ч. НУ Народен театар- Битола

В. Шекспир

ДВАНАЕСЕТТА НОЌ

25.07

Истанбулски градски театар, Турција

turci-25.07

Режија: Сердар Билиш