ДОКТОР ФАУСТ

Кристофер Марлоу ФАУСТ

Режија: Андраш Урбан
Драматург: Биљана Крајчевска
Сценографија: Валентин Светозарев
Костими: Благој Мицевски

ИГРААТ:
Соња Михајлова
Соња Ошавкова
Викторија Степановска – Јанкуловска
Илина Чоревска
Маја Андоновска – Илиевска
Елена Мошева
Сандра Грибовска
Иван Јерчиќ
Марјан Ѓорѓиевски
Борче Ѓаковски
Никола Пројчевски
Петар Спировски

Инспициент: Митко Ивановски
фотографии: Петар Тасевски

Премиера : 15 и 16 декември 2016

БАР РЕМАРК

Фантазија според романот „Тројцата воени другари“ и писмата на Е.М. Ремарк

Адаптација и режија: Александар Баргман
Консултации за текстот: Дарја Голубева
Превод од руски: Оливера Павловиќ
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Музика: Марјан Неќак
Тон: Николче Терзиевски
Светло: Илија Димовски
Драматург: Оливера Павловиќ
На пиано: Јана Четелева Белевска

ЛИЦА

Роберт Локамп – Огнен Дранговски
Готфрид Ленц – Никола Пројчевски
Ото Кестер – Мартин Мирчевски
Патриција Холман – Катерина Аневска
Професор Жафе/Валентин Гаузер: Борис Чоревски
Алфонс/Пастророт – Петар Мирчевски
Матилда Штос – Јулијана Стефановска
Хасе – Борче Ѓаковски
Фрау Хасе/Фрау Блументал – Илина Чоревска
Биндинг/Блументал – Филип Мирчевски
Фрау Залевски – Елена Моше
Ерна Бенинг – Маја Андоновска
Георг Блок – Александар Стефановски
Дамата од барот/медицинска сестра: Кристина Христова Николова
Тој од барот – Александар Копања

Инспициент: Мирослав Лазаревски
Суфлер: Зорка Ѓаковска
Помошник на режисерот и преведувач: Димитар Марков

Премиера: 03.08.2016 год., Охридско лето

Претставата  БАР РЕМАРК е работена по мотиви на култниот европски роман Тројцата другари од Ерих Марија Ремарк -една од најзначајните книги на европскиот егзистенционализам меѓу двете светски војни, но не се занимава ниту со војната, ниту со политиката на тоа време.

Во основата на на нашата одлична драматизација, во која за важни животни прашања се зборува едноставно и разбирливо, лежи љубовната приказна за двајца млади луѓе, кои во текот на десет месеци од нивното познанство, се обидуваат да ја достигнат среќата во животот. Во таа игра на љубовта, ги вовлекуваат и другите ликови – посетителите на еден необичен бар, мечтатели и измислувачи на неверојатни животни приказни, кои, борејќи се да ја надминат монотонијата и безнадежноста на секојдневието и да го осмислат, умеат да си поиграат со каприците и непогодиците на животот.

Извонредниот и режисерски искусен Александар Баргман, понуди естетски јасен концепт, кој на актерите им отвори простор за слободна имагинација и импровизација во играта, со која тие создадоа претстава во која ќе уживаат и тие и публиката.

Оливера Павловиќ

ЛАДАЛО -Трагична љубов на една девојка

Автор: Јукио Мишима
Режија: Благој Мицевски
Превод од Руски: Оливера Павловиќ
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Музика : Александар Димовски
Светло: Илија Димовски

Лица:
Канако-Никола Пројчевски
Јицуко-Валентина Грамосли
Јошио-Марјан Ѓорѓиевски
Мадам-Соња Михајлова

Кореографија: Јагода Димовска
Фотографија: Димитар Колонџовски
Инспициент: Митко Иванов

Во претставата се користат авторски текстови на актерите и сонет од В. Шекспир

„Трагичната љубов на една луда девојка„
Стромодна романса на железничка станица…Секојдневно, без оглед н тоа дали е дожд или жега, во чекалната на железничката станица ќе забележиме една умоболна девојка со необична убавина. Со ладало во рацете , таа седи на клупата и напрегнато се загледува во лицето на секој минувач што ќе се покаже на станицата. Ќе прашаме зошто?Само затоа. Исполнувајќи се со разочарување , секојпат повторно да се врати на својата клупа.Како одговор на пршањето на нашиот коресподент , одговорила дека ладалото е божем од Кандјо. Поточно , еден маж, со која таа некогаш се сретнала на истото тоа место.

ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА

Фјодор Михајлович Достоевски
Адаптација и режија: Диего Де Бреа
Превод од словенечки: Соња Довжал
Сценографија и светло: Диего Де Бреа
Костимографија: Благој Мицевски

Лица:
Огнен Дранговски – Радион Романович Раскољников
Марија Стефановска – Софија Семјонова Мармеладова-Соња
Авдотија Романова Раскољникова  -Дуња
Катерина Аневска – Пулхерија Александровна, Раскољникова Настасија
Валентина Грамосли – Аљона Ивановна
Марјан Ѓорѓиевски – Профириј Петрович
Иван Јерчиќ – Александар Григориевич Заметов, Петар Петрович Лужин, Кох
Александар Стефановски-Семјон Захарович Мармеладов
Аркадиј Иванович Свидригајлов
Никола Пројчевски-Димитриј Прокофјевич Пестрјаков

Музички соработник: Александар Димовски
Снимател на видео материјали: Димитар Колонџоски
Светло мајстор: Игор Мицевски
Видео оператор: Антонио Божиновски
Суфлер: Радојка Димеска
Инспициент: Митко Ивановски
Технички директор: Петар Трајчевски

Премиера:28 мај 2016

СОНЕТИ – РЕЖИЈА ЈОВАН РИСТОВСКИ

По мотиви од Сонетите на Вилијам Шекспир
Режисер:Јован Ристовски
Драматург: Билјана Крајчевска
Костимограф : Благој Мицевски
Избор на музика: Јован Ристовски-Јовица
Тон: Александар Димовски
Светло: Илија Димовски
Игор Мицевски
Играат:
Вештерките – Јулијана Мирчевска – Ненормалните
Илина Чоревска/Цика Пикас
Елена Моше/Цика Пкас
Александар Копања/Плачкото
Викторија Степановска-Јанкуловска/Гу Гу
Огнен Дранговски/Човекот
Габриела Петрушевска/Магна Матер
Инспициент: Мирко Лазаревски
Фотографија: Коста Дупчинов
Премиера: 18 април 2016

Кога ќе помислам на нашата планета земја, и сè што постои на неа, ми се одзема здивот, се ежам од возбуда, доживувам еуфорија и се расолзувам на нашето битие… Зарем ние луѓето сме уништувачи или создавачи?
Јован Ристовски Јовица, театарски режисер

Сонетите на Шекспир се исклучително храбри, неконвенционални, луцидни; во нив Шекспир си поигрува, провоцира, се преиспитува себе си и нас, нудејќи ни еден комплексен поглед на животот во кој никогаш не можеме да се дистанцираме од преиспитувањето на најважните проблеми што ја мачат денешницата.
Поттикнат од овој драмски потенцијал на Сонетите, иако Шекспир можеби никогаш не претпоставувал дека неговите Сонети ќе се постават на сцена како претстава, режисерот Јован Ристовски создава еден исто толку необичен тетарски свет со драмска предлошка-материјал инспириран токму од ова поетско творештво. Велам необичен зашто не само по сензибилитет туку и по форма и содржина оваа претстава има свој сопствен израз, почнувајќи од јазикот што актерите го користат (џибриш-измислен јазик) преку кој се артикулираат експлицитни говорни форми -што бездруго го коментира хуморот кој за жал денес сè уште се провлекува под поимот комедија. Да се вратам на почетокот. „Ш”-името на претставата имплицира крај, а „крајот” на претставата треба да наговести нов почеток:
…„ Погледни в огледало и кажи му на лицето што го гледаш
дојдено е времето тоа лице да создаде друго”. (Сонет 3 од В. Шекспир).
Почеток надвор или внатре светот на Вештерките (Куринтиките) кои слично на мајсторите од Сон на летната ноќ на Шекспир создаваат „театар”(свет) што непрестано бива „инфициран” односно претопуван и уништуван од Човекот-главниот виновник за распадот на секоја природна или општествена конструкција, па на крајот дури и имагинативно творечка. Тој уживајќи го конформизмот без пардон и во името на „љубовта” деформира сè што е тварно и нетварно. Тој одлучува: Индувидуа vs колективитет, стереотипи и предрасуди, критичност или конформизам, емоции или рацио. Наоколу; силуети, популарна култура, стилизирани и експанзивни гестови, актерска архива на емоции и коментари во контекстот на размислите на современиот човек, светилики, непристојни звуци, чудни перики-симболизам кој можеби некаде едвај ќе пробие до крај. И тоа до кој крај? Најсилиниот аргумент всушност завршува во публиката- таа е окото во кое се рефлектира сцената: да се стане токму онаа промена што сакаме да ја видиме во светот.
Билјана Крајчевска, драматург

СОНЕТИ – режија Ангелчо Илиевски

Вилијам Шекспир
Превод: Драги Михајловски
Режија и драматизација: Ангелчо Илиевски
Драматург: Билјана Крајчевска
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Композитор: Дарија Андоновска
Кореографија: Јагода Димовска
Играат:
Поетот: Петар Мирчевски
Младото момче: Филип Мирчевски
Црната дама: Габриела Петрушевска
Младата дама: Викторија Степановска -Јанкуловска
Поетот соперник: Огнен Дранговски
Инспекторот: Иван Јерчиќ
Инспициент: Димитар Михајловски
Суфлер: Зорка Ѓаковска
Светло: Илија Димовски, Игор Мицевски
Тон мајстор: Николче Терзиевски
Фотографија: Коста Дупчинов
Премиера: 18 април 2016

Да се работи текст на Вилијам Шекспир е во исто време и предизвик и задоволство, но кога станува збор за неговите Сонети, тоа е многу повеќе и од предизвик и од задоволство, тоа е исто како да истражуваш космос, да создаваш космос, да откриваш свет помеѓу световите, да навлегуваш во најинтимните делови и на авторот и на себеси. Океан од емоции, состојби, копнежи, таги, болки, среќи… љубов. Огромен предизвик за мене беше најпрво да создадам јасна приказна, со јасни и силни ликови и развој на нивните односи и сето тоа да стане јасно само преку Сонетите, без ниеден допишан збор, а понатаму на мој личен начин истото да го преведам на сцена-во еден магичен свет, мистичен свет, свет со една поинаква логика, каdа се меша свеста со потсвеста и што се случува кога ќе настане хаос во мислите и во тој неред од мисли да се создаде некаков ред. Многу внатрешни гласови, гласови кои не можат да се запрат, гласови кои оживуваат и убиваат, гласови од кои се заспива и кои го убиваат сонот. Приказната е раскажана низ ликот на Поетот и Црната Дама. Низ нивните сеќавања, животни ситуации, болни теми, се до нивното конечно спојување -вечноста. Во претставата се подвлекува линија и на надворешниот најстрашен глас, власта, која никако не може да остане мирна со творештвото на Поетот кое говори големи вистини. Прашање е како таа ја препознава и дали ја препознава. Оваа линија не најважна во претставата, но истата е ставена во контекст кој отвора прашања, многу битни за еден уметник. Сепак, претставата е наш личен силен крик за искрена љубов, љубов во најширока смисла на зборот, што значи некого да се љуби безусловно, да се чека вечно, да се проговори за пропуштените моменти, за направените грешки, за лузните кои ги носиме во животот, за тоа колку сме спремни да донесуваме големи и важни одлуки, за тоа колку грешиме и колку сме спремни да простиме. Низа од прашања и многу одговори. Оваа претстава за мене е многу важна, зашто без никакви двоумења отвора најинтимни и најосновни човечки емоции и состојби во ова толку гнасно, одвратно, лицемерно, дволично време и само сака да потсети и проговори за едни искрени чувства на кои веќе одамна почнавме да забораваме, како што почнавме да се забораваме и себеси…

Ангелчо Илиевски, театарски режисер

Шекспир е поет во драмата и драмски писател во поезијата.
Сонетите на Шекспир, 154 на број печатени во 1609-та, даваат возможност да нурнеме во неговото поетски и драмски силно современо видување за контемплацијата на вечната љубов, за смислата на животот, за убавината, осаменоста, за копнежот.
Така секој негов сонет е краток монолг во кој е содржан силен внатрешен конфликт и тоа на теми кои и денес се интриган
тни (прашањето на човековиот идентитет, преиспитувањето на меѓучовечките односи, постоењето на моралните и духовните вредности овде и сега итн.)
Можеби оваа комплексност и отвореност за нивното толкување е една од првичните идеи на младиот режисер Ангелчо Илиевски да се постават на сцена (за прв пат кај нас во Македонија) како комплетна претстава „Сонети”, едновремено и како негов авторски драмски текст чија драматизација се темели само врз колажирање на 30 Шекспирови сонети кои вклучуваат и две поеми на Кристофер Марлоу. Оттука се исцрпени шесте драмски лика (Младото Момче, Младата Дама подоцнежни Поетот и Црната Дама, потоа ликот на Поетот соперник и Инспекторот) што во драмското време (испрплетено од сегашноста и минатото) го играат животот, живот што не може да заврши, живот пропуштен поточно заробен во чекањето, односно од перспективата на Поетот тоа е живот што служи само за доправање на нешто што е сеќавање. Пресретнати од „љубовната драма” на страстното поетско творештво, неисцрпното пријателство, раздорот на отелотворената љубовна муза, се редат собитија кои создаваат силни визуелни композиции со специфична актерска комункација. На прво, овде може да се препознае приказна за ривалството помеѓу генијот на Вилијам Шекспир и оној на Кристофер Марлоу, но тоа е само дел од слоевите што се наѕираат, за сметка на една драма која се обидува да ги презентира денес заборавените, а толку едноставни човечки вредности/доблести/љубов што исчезнуваат засекогаш острастени од емоционалното или рационалното расудување, нешто што својата целосна љубовна смисла може да ја добие само во Есхатонот.
Билјана Крајчевска, драматург

КРАЛСКИ ИГРИ

Режија: Љупчо Ѓорѓиевски
Превод од руски: Оливера Павловиќ
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓорѓиевски
Музика: Марјан Неќак
Светло: Илија Димовски

Играат:
Хенри VIII крал на Англија – Петар Горко
Томас Болејн кралски благајник – Слободан Степановски
Елизабета негова жена – Соња Михајлова
Мери Болејн ќерка на Болејн – Викторија Степановска Јанкуловска
Ана ББолејн ќерка на Болејн – Катерина Аневска
Норфолк брат на жената на Томас Болејн – Борис Чоревски
Вулзи лорд-кардинал – Митко С. Апостоловски
Кромвел секретар на лордот-кардинал – Иван Јерчиќ
Перси вереникот на Ана Болејн – Борче Ѓаковски
Џејн Сејмур дворска дама – Сандра Грибовска
Епископ Фишер – Душко Јовановиќ
Томас Мор – Васко Мавровски
Вајт поет – Александар Копања
Норис – Никола Пројчевски
Смитон – Петар Спировски
Економка – Јулијана Стефановска
Слуга – Александар Стефановски

Суфлер – Гордана Михајловска
Инспициент – Митко Ивановски

ВЛАСТ ИЛИ ЉУБОВ – Ова е приказна за еден владетел – апсолутист – кој во свои раце ја прибира целокупната  световна и духовна власт. Во такви услови народот нема право да зборува, ниту пак да мисли или чувствува, а кога молчи и тоа молчење има свое значење. Неговата апсолутна моќ, прекршувајќи се во огледалото на неговата љубена жена, се распарчува на илјадници делови од суета, завист, страв, злоба, љубомора и слично. Ставен е во ситуација да одлучи: Или да се прикаже така разобличен пред поданиците и светот или да го скрши огледалото што го разобличува како таков. Со други зборови, да биде крал или човек, да ја прегрне власта или љубовта. И за жал, мотивот за власт се покажува како посилен од љубовта. Според некои современи испитувања тој е посилен и од мајчинскиот мотив. Но ова не е претстава само за владетелот – апсолутист. Тој не може да се роди, ниту да вирее, ако нема плодна почва за тоа. Ова е претстава за оние кои го ствараат и поддржуваат сѐ со цел да се доберат до некоја трошка падната од трпезата на власта. И кога владетелот го нема, тие преживуваат, бидејки се вечни и веднаш брзаат да створат нов владател, сѐ со иста цел.

Режисер: Љупчо Ѓоргиевски

Григориј Горин (1940 – 2000) е – еден од најзначајните и најпопуларните драматурзи на Русија, сценарист и писател, класик на сатиричната проза.

Завршил медицински факултет и работел како лекар. Некое време се барал себеси меѓу медицината и драматургијата, додека не ѝ дал предност на втората, а подоцна го открил и филмот. Од самите свои почетоци како драматург и сценарист, соработува со славниот театар „Ленком“, каде што познатиот режисер Марк Захаров ги поставува неговите пиеси: „Да се заборави Херострат“, „Тил“, „Домот што го изгради Свифт“. Од творечката соработка со Захаров, се раѓаат советските хитови, како „Формула на љубовта“, „Токму тој Минхаузен“, „Да се убие змевот“. Настапува и на телевизија со свои програми. Со емисијата „Околу смеата“, стекнал голема популарност.

Во повеќето свои дела, Григориј Горин го тера гледачот да ја преиспита својата претстава за светот на историските настани и на интимата, давајќи им на своите шеги и иронични интерпретации на историјата и на секојдневието длабока филозофска смисла. Благодарејќи на тоа, делата на Горин се актуелни и денес.

Инспирацијата за пиесата „Кралски игри“ потекнува од историската драма на познатиот американски драматург и теоретичар на театарот Максвел Андерсон  – „Илјада денови на Ана Болејн“. Основана на хрониките на владеењето на жестокиот и развратен Хенри VIII, оваа драма само била добар материјал за драматургот Григориј Горин, кој ќе создаде богата сценска фантазија на тема: меѓу љубовта и жестоката игри со страстите.

Оливера Павловиќ