Сон на летната ноќ

В.Шекспир (превод Драги Михајловски)
режија: Џон Блондел
драматург: Билјана Крајчевска
костимограф: Благој Мицевски
сценограф: Валентин Светозарев
музика: Александар Димовски
светло мајстор: Игор Mицевски

Играат:
Петар Горко – Тезеј
Илина Чоревска – Хиполита
Никола Пројчевски – Лисандер
Марјан Ѓорѓиевски – Деметар
Викторија Степановска-Јанкуловска – Хермија
Маја Андоновска-Илиjевски – Хелена
Слободан Степановски – Егеј
Александар Стефановски – Филострат
Огнен Дранговски – Оберон
Катерина Аневска – Титанија
Петар Спировски – Зевзек
Соња Mихајлова – Петре Чивија
Јулијана Мирчевска – Нико Брдило
Валентина Грамосли – Фране Жлеб
Менка Бојаџиева – Томче Сурла
Јулијана Стефановска – Таман
Елена Моше – Робин Сушко

перикер: Дилбера Атанасова
шминка, маска: Сашо Мартиновски
инспициент: Митко Ивановски
суфлер: Зорка Ѓаковска
фотограф: Петар Тасевски

продукција НУ Народен театар Битола
премиера: 31.07.2017 -НУНТБ
05.08.2017 Охридско лето

ГРЕТА ОД ФАУСТ

автор: Луц Хибнер
режија: Димче Николовски
сцена: Сергеј Светозарев
костими: Благој Мицевски
Музика: Фолтин
драматург: Оливера Павловиќ


ИГРААТ:
Никола Пројчевски
Сандра Грибовска


премиера: 21.05.2017 

66

ДОН ЖУАН

Дон Жуан од Молиер
Автор: Ж.Б. Молиер
Режија: Андреј Цветановски
Сцена: Сергеј Светозарев
Костими : Марта Дојчиновска
Композитор: Димитар Андоновски
Дизајн на тон: Александар Димовски


ИГРААТ:
Дамјан Цветaновски – Дон Жуан
Сергеј Димовски – Зганарел
Борис Чоревски – Дон Луј
Викторија Степановска Јанкуловска – Дона Елвира
Борче Ѓаковски – Пјеро, Дон Карлос
Сандра Грибовска – Шарлота
Петар Спировски – Дон Алонсо, Господин Диманш
Ангела Димитрова – Матурина


премиера :15.05.2017

ДУПЛО ДНО

Автор: Горан Стефановски
Режија: Ангелчо Илиевски
Сценограф: Валентин Светозарев
Композитор: Марјан Нечак
Костимограф: Благој Мицевски

Играат:
Јаков: Мартин Мирчевски
Божо: Петар Мирчевски
Параскева: Габриела Петрушевска
Кристина: Катерина Аневска
Нове: Филип Мирчевски

Фотограф: Александар Јоначиќ

Премиера: 01.04.2017

Во едно вакво хаотично време во кое живееме, време во кое театарот и уметноста го изгубија својот правец, имав огромна потреба да го работам текстот „Дупло дно“ на Горан Стефановски. Заедно со една многу сериозна екипа, направивме претстава која отвора многу сериозни прашања. Претставата говори за слободата, за уметникот, за неговиот статус и положба, говори за тоа кои се денес вредностите во театарот и уметноста, бидејќи чувствувам дека истите во последно време се изгубија. Претставата е крик за слобода на уметникот. Уметникот мора да биде коректив на власта, уметникот мора да биде будното око на општеството, што ќе ги следи сите негови аномалии и истите мора да најде начин како да ги искоментира. Тоа е мисијата на уметникот. Без разлика која и да е власт, каква и да е таа власт, уметникот мора да ги коментира сите нејзини грешки, сите погрешно донесени одлуки. Уметникот станува роб во истиот момент кога ќе си ја продаде сопствената душа на власта, и од тој момент неговата слобода завршила. Слободата е избор како што избор е и послушноста.

Ангелчо Илиевски,
Театарски режисер

ПИЈАНИ

Автор: Иван Вирипаев
Режија: Марјан Ѓорѓиевски
Музика: Александар Димовски
Сцена: Валентин Светозарев
Костими: Благој Мицевски

Играат:
Илина Чоревска
Валентина Грамосли
Соња Ошавкова
Маја Андоновска –Илијевски
Ангела Димитрова
Николче Пројчевски
Александар Димитровски
Живко Борисовски
Никола Стефанов

Инспициент: Митко Ивановски
Суфлер: Зорка Ѓаковска

Живееме млитав живот полн со банални проблеми; капиталистичката машинерија  ги одзема од нас  основните етички и морални вредности правејќи нè лицемерни, празни, изгубени, подли, неспособни да се променуваме и да бидеме подобри луѓе.

Се  изгубивме себе си, а тие до нас стануваат лешеви кои по некоја механика нè поднесуваат; се  замислуваме богови на земјата, а единствено што постигнуваме е полно его-станавме муцки полни фалба и ништо друго.

Ова е претстава  не одговора, оваа претстава поставува прашања: што е вистината, до каде стигнавме,  што направивме, какви сме денес, како да си кажеме дека сме изгубена генерација, дека заборавивме да простуваме; како на крајот од трката  сфаќаме  дека сè е бесмислено, банално. Ете тогаш започнува тишината, тогаш започнува и горчливата комедија –  “ Пијани ”.

Марјан Ѓеорѓиевски, режисер

Грилпарцер во секс шоп

Tекст: Питер Турини
Режија: Јован Ристовски
Драматург: Билјана Крајчевска

Играат:
Александар Копања – мажот
Елена Моше-жената
Сцена: Валентин Светозарев
Костими: Благој Мицевски
Светло: Игор Мицевски
Тон: Николче Терзиевски
Инспициент : Мирослав Лазаревски
Фотограф:Александар Јоначиќ

сезона 2017

Современа комедија која ги отвара прашањата за романтиката, за искреноста и се потенцираат и преиспитуваат основните човечки прашања. Во каков свет живееме? Во каква човечка цивилизација сме пораснале? Како ќе се развиваме ? Во што ќе се пртетвориме ? Како високата технологија влијае на човечката раса и природа на планетата земја? Дамата влегува во во секс шоп од љубопитност , а продавачот најљубезно и професионално и презентира секс -реквизити. Во таа ситуација ликовите спонтано се запознаваат , а преку нивниот заплет ги откриваат на комичен начин нивните фрустрации и комплекси. Со тоа индиректно авторот комплетно ни ја доловува денешната слика на европските граѓани и нивната судбина

Смислата на животот

Aвтор: Идо Нетанјаху
Режија: Благој Мицевски
Драматург: Оливера Павловиќ
Сценографија: Валентин Светозарев
Костими и избор на музика: Благој Мицевски
Светло: Илија Димовски
Тон: Александар Димовски

Лица:
Петар Горко-Доктор Франкл
Васко Мавровски-Доктор Леман/ Довидл
Соња Михајлова-Госпоѓа Шилер
Сандра Грибовска- Тили, сопруга на Франкл
Борче Ѓаковски-Милош,затвореник
Ангел Мицевски -Ерих

Испициент: Митко Ивановски
Суфлер: Зорка Ѓаковска

ПРЕМИЕРА: 28.02.2017 (праизведба)

Дали во душата на човекот може да се бара причината за огромната омраза и злоба во општеството , како онаа кон Евреите? Ако е така, дали искоренувањето на таа злоба и на сите други општетсвени проблеми може да се пронајде во лекување на индивидуата , независно од тоа дали индивидуата е предатор или плен? И дали таа општествена болест е производ на идеологија, која е над човечкиот ум,над психолошките толкувања, над сите лекувања, па тоа ја прави уште пострашна? Овие прашања се сржта на Смислата . Судирот меѓу Бети (пациентката ) и Франкл (психијатарот) , како и долгогодишната борба на Франкл и другите затвореници во нацистичките концентрациони логори, претставуваат обид да се сфати вистинското значење на силите што владеат со нашиот свет -и тогаш и сега . -Идо Нетанјаху