Коцкар

„Коцкар„ – Ф.М.Достоевски
режија: Дејан Пројковски
сценски движења: Олга Панго
сценограф: Валентин Светозарев
костимограф: Благој Мицевски
композитор: Горан Трајковски
превод: Оливера Павловиќ
светло: Илија Димовски , Игор Мицевски


ЛИЦА:
Алексеј Иванович: Огнен Дранговски
Полина Александрова: Илина Чоревска
Антонида Василевска: Јоана Поповска
Генерал Загорјански: Митко С. Апостоловски
Марија Филиповна: Сандра Грибовска
Бланж Де Комнеж: Катерина Аневска Дранговска
Мадам Комнеж: Елена Моше
Маркиз Де Грие: Николче Пројчевски
Господин Естаи: Марјан Ѓорѓиевски
Потапич: Петар Мирчевски
Марфа: Соња Ошавкова
Алберт: Петар Спировски
Баронот Вурмелгем: Александар Димитровски
Демонски суштества: Никола Стефанов
Анастазиа Христовска
Благој Јовановски

инспициент: Митко Ивановски
суфлер: Гордана Михајловска

премиера: 17.02.2018

„Коцкар“ е карактеристична напрегната интрига. Во центарот на дејствието е рулетот- како игра на среќа, но и играта со животот, како начин на живеење: луѓето од разни животни сталежи и позиции се собираат околу масата на рулетот, пред лицето на судбината, случајот, со страст да го предизвикаат животот и да ризикуваат во него. Атмосферата на игра е атмосфера на нагли и брзи пресвртници на судбината, момент на подигнување и пад, со комични, но и трагични последици во животот на ликовите. Драмскиот говор во „Коцкар“ се покажува во неговата експресија, енергичност, подробност во искажувањето. Дејствието во секој момент е спремно да се прекине, ликовите се во постојана криза, на прагот на нова животна катастрофа. Во атмосфера на остра колизија, двојственост на мислите на хероите, како резултат на моќна внатрешна, мисловна работа, во чиј процес ликовите се обидуваат да проникнат во туѓата свест, да ја дознаат туѓата тајна и да влијаат на туѓите животи, се создава систем на постапки, кои често доведуваат до неочекувани резултати.

Во „Коцкар“ се испреплетени мотивите на времето, личната судбина на Достоевски, судбината на Русија; Русија и Запад: барање на „руската форма“, која треба да ја заузда руската стихија, да ја облагороди, но и разоткривање на сеопфатната страст кон играта, во целосното поимање на тој поим.

Оливера Павловиќ драматург