БЕЗ ПАНИКА  на гостување во Тороното, Канада

05/15/2017

Екипата на претставата Без Паника ќе ја доживее својата 75-та изведба на сцената на Meadowvale Theatre,  во Торонто, Канада на 26 мај, 2017.  Во оваа комедија играат играат Никола Пројчевски, Маријан Ѓорѓиевски  и Александар Копања. Драмскиот текст е класифициран во современа комедија. Премиерата е изведена на 21 февруари 2014 година и редовно е барана и играна на сцената на Народен Театар Битола. Режијата е на Благој Мицевски, и драматуршка адаптација на Билјана Крајчевска. Претставата на комичен начин ги обработува секојдневните проблематики на живеење на тројцата пријатели кои се сплеткани во сопствените животи, без контрола над животните ситуации и сопствената реактивна анксиозност. Современа претстава, за современите проблематики на еден маж во 21 век.

bez-panika