Битола Шекспир Фестивал 2019

Македонски | Англиски

Се претпоставува дека доколку светот и човештвото целосно бидат уништени, целата наша цивилизациjа каква што денес jа познаваме би можела да се пресоздаде и да се реконструира само врз основа на делата на Вилиjам Шекспир.

Неговиот гениj, талент и визиjа до ден денес останале ненадминати.

Оваа година на Битола Шекспир фестивалот си “имаме работа” со исклучително интересна програма.

Шесте претстави во главната програма нудат микс од дисциплини и театарски изразни средства како што се современата драматургиjа, танцот, перформансот и естетски силната сценска визуелизациjа.

Инспирирани од гениjот, авторите ни нудат еден Шекспир коj е соџвакан, рециклиран, коментиран, допишуван, препишуван…

Доjдете да гледаме театар, да оценуваме, да разговараме, да спориме, да се воодушевуваме… In the end truth will out…

Се додека го имаме сjаjот во очите…

Илина Чоревска
Иван Јерчиќ

КРОТЕЊЕТО НА ФУРИЈАТА

Режисер: Иван Плазибат
Превод: Милан Богдановиќ
Драматургија/адаптација на преводот: Мила Павиќевиќ
Сценограф: Озрен Бакотиќ
Костимограф: Ана Марин
Композитор: Дамир Шимуновиќ
Сценски движења: Дамир Клемениќ
Светло: Срѓан Барбариќ
Тон: Марко Мандиќ
Инспициент: Фране Смољо
Улоги:

Батиста Минола – Филип Радош
Катерина – Катарина Ромац
Петручио – Горан Марковиќ
Грумио – Марјан Нејашмиќ Баниќ
Бјанка – Ана Марија Веселчиќ
Гремио – Ненад Срделиќ
Кертис – Пере Ерановиќ
Лученцо – Стипе Радоја
Транио – Никша Арчанин
Биондело, Слуга – Лука Черјан
Винченцо – Вицко Биланџиќ

 

Траење:  2 часа и 30 минути, со една пауза

 

ЛЕЈДИ МАКБЕТ

Концепт и кореографија: Волтер Матини и Ина Броек
Костимографија: Ина Броек
Сценографија: Ина Броек
Светло мајстор: Бруно Чули
Музика: Ецио Босо, Антонио Вивалди, Макс Рихтер, Филип Глас, Ј.С.Бах, Алесандро Скарлати

Улоги:

Лејди Макбет – Ина Броек
Макбет – Сигурд Киркеруд Роне
Банко – Даниел Флорес Пардо
Прва вештерка – Сара Никастро
Втора вештерка – Тицијано Пилјони
Трета вештерка – Лаура Перот

 

Времетраење: 65 мин. Без пауза.

Лејди Макбет е инспирирана од безвремената трагедија на Шекспир. Фокусот на претставата е на трагичната и несреќна љубовна приказна помеѓу Макбет и неговата сопруга. Заради нивната страст, амбиција и силната жед за моќ, тие се жртви на сопствените интриги. Шекспир му вдахнал еден безвремен и универзален сентимент на драмата заради што и нашата приказна е сместена во неодреден временски период и место. Започнува онаму каде завршува трагедијата на Шекспир: сопружниците Макбет се мртви. Ослободени од земната агонија, но сепак осудени вечно повторно и повторно да го преживуваат најтемниот период од нивното минато – казна која ја добиле, па еден  врз друг си ја задаваат. Меѓусебно се обвинуваат и секој го гледа виновникот во другиот. Мислите се отелотворуваат, ликовите оживуваат и повторно ги преживуаат драматичните настани во кои еднаш одамна тие биле протагонисти. Но исто како и сеќавањето, со текот на времето овие настани се менуваат. Згора на сè, нивниот кошмар за миг го прекинуваат миговите на љубов и нежност. Лејди Макбет е драма за животот и смртта, за амбициозните врски помеѓу луѓето, драма која ја носи публиката на едно патување за да ја запознае комплексноста на човечката психа.

ХАМЛЕТ

Концепт и кореографија: Волтер Матини и Ина Броек
Костимографија: Weber+Weber Sartoria
Сценографија: Ина Броек
Светло мајстор: Бруно Чули
Музика: Ецио Босо, Антонио Вивалди, Макс Рихтер, Филип Глас

Улоги:

Кралицата Гертруда – Ина Броек
Хероината – Лаура Перот
Офелија – Сара Никастро
Хамлет – Даниел Флорес Пардо
Кралот Клаудиј – Сигурд Киркеруд Роне

Лаерт – Тицијано Пилјони

 

Времетраење: 70 мин. Без пауза.

Нашата хероина, млада, ментално нестабилна жена, се идентификува со својата истоименичка Офелија од драмата на Шекспир. Читањето ѝ е сè во животот – кога чита, го наоѓа мирот и спокојството. Таа се обидува да открие што се случило со неа читајќи го Хамлет. Зборовите се отелотворуваат, ликовите оживуваат, па преку приказната на Шекспир, Офелија ги преживува драматичните настани од нејзиниот живот. Хамлет е драма за животот и смртта, за амбициозните врски помеѓу луѓето, драма која публиката ја води до најтемните катчиња на човечката душа.

ЈУЛИЈА И ОФЕЛИЈА – ДОЖИВОТНИ САМОУБИСТВА

Автор: Хулио Рохас
Режија: Арон Лобато
Асистент на режија: Пабло Мартинез Браво
Драматург асистент: Марија Веласко и Сантјаго Хиралт
Кореографија и сценски движења: Чеви Мурадај
Костимографија и фотографија: Фелипе де Лима
Светло мајстор: Диего Домингез
Дизајн на плакат и флаер: Алберто Кампа и Карлос Рубио Ресио

 

 

Улоги:

Јулија – Хулио Рохас
Офелија – Арон Лобато
Нарација – Ана Вагенер

 

Траење: 70 минути

 

Маженственост и женственост. Добро и зло. Горе и долу. Живот, смрт, театар или телевизија? Душевното и телесното. Ерос и Танатос. Перцепцијата на универзумот, барем во западната култура, се чини не може да се издели од дуализмот, од изборот или обрската да се избере едното или другото. „Nulla ethica sine aesthetica“. Оваа Јулија и оваа Офелија кои ние ви ги прикажуваме, може не се ни мажи ни жени, ни жртви ниту пак хероини, а нивното време и место веќе не ги одредува едностраноста (како нашата) ниту пак антагонистот, двојноста. Дали секој еден ентитет, идеја или ситуација е сама по себе двојна? И што се случува или како се нарекува она што еднаш ќе се оддели и веќе не може да се поистоветува со таа класификација?

Офелија и Јулија веќе милион пати се самоубиле на сцената. Нашите хероини се будат во едно чистилиште, каде зборуваат за деталите на нивното бесчестие. Местото и времето запираат: се враќаат за да разговараат со оние кои ги сакаат, па и оние кои не ги сакаат, коментираат за новостите како да се две искусни славни личнсоти, потонуваат во трауми и нереализирани спомени, го истражуваат својот статус на жени, жртви или преживеани во своето општество и историја. Како жени, кои преживеали повеќе од четиристотини самоубиства, како самоубијци кои премногу го сакаат животот, како жртви на самоубиство, тие никогаш не умираат.

РОЗЕНКРАНЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ

Режија: Тапасто Ерно
Драматург: Нотарос Лајош, Фекете Река, Тапасто Ерно
Сценографија: Алберт Алпар
Костимографија: Јано Пап
Музика: The Tiger Lillies
Светло мајстор: Јоан Хорга
Асистент на режија: Фекете Река, Норберт Дина

 

Улоги:

Розенкранц – Теге Антал
Гилденстерн – Гулјаш Атила
Трагичар – Тапасто Ерно
Хамлет – Лунг Лазло Золт
Офелија – Александра Гитлан
Клаудиј – Сандор Колесери
Гертруда – Еден Енико
Полониј, Трагичар – Золтан Ловас
Трагичар – Јулија Поп

 

КРАЛ ИБИ

Адаптација на текст и режисер:  Васил Христов
Сценограф: Тодор Даевски и Васил Христов
Костимограф: Розе Трајчевска Ристовска
Дизајн на светло: Ѕвездан Миљковиќ
Изработка на видео материјал и фотограф: Душан Кардалевски
Дизајн на плакат: Денко Матевски
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева

Улоги:

Тато Иби – Игор Ангелов
Мама Иби – Биљана Драгиќевиќ Пројковска
 Бордир – Зоран Љутков
Бугрелав – Сања Арсовска
Офелија – Филип Трајковиќ
Кралицата – Софија Куновска
Кралот – Предраг Павловски
Болеслав – Јана Стојановска/Наталија Теодосиева
Ладислав – Долорес Поповиќ
Вештерка I – Катерина Шехтанска Лаковски
Вештерка II – Маја Вељковиќ Пановска
Вештерка III – Емилија Мицевска
Народот – Тамара Ристовска
Наратор – Игор Георгиев

 

Францускиот автор Алфред Жари претставува предвесник на Надреализмот во театарот како и основоположник на Театарот на апсурдот. Неговото култно дело Крал Иби се третира како првата модерна авангардна драма во театарската традиција која веднаш по нејзиното поставување на сцена го сврте вниманието на публиката кон артифициелноста на театарските конвенции.

Овој текст е еден од првите три стилизирани бурлески каде Жари ги исмева и покажува аномалиите на модерното време. Преку  главниот протагонист Татко Иби во една структура на гротескна пародија на Шекспировиот Магбет, плашливецот Крал Иби, претставникот на буржоазијата е прикажан како некој кој бескурпулозно гази се пред себе за да ги достигне своите цели. Преку овој централен карактер кој е познат по неговиот апсурдно инфантилен однос кон светот и кој поседува алчна потреба по низа задоволства, авторот ни ја презентира неговата слика за модерниот човек. Во таа смисла Иби е метафора за тој модерен човек, кој е прикажан како грд, вулгарен, алчен, грандиозен, нечесен, глупав, незрел, зол и кукавица. Истовремено авторот става акцент и ги издвојува алчноста и моќта за власт како „болести“ во модерниот свет.

Денес, 122 година од првата изведба на Крал Иби, повторно се навраќаме на него заради неговата оригиналност и провокативност. Кај Жари вулгарната гротеска се интерпретира како авторско-режисерско-актерска дистанца и коментар за не-вредностите на современиот човек. Крал Иби е извор на многубројни како теоретски така и практични истражувања и мотив за градење на цели идејни движења во градењето на театарската естетика на дваесеттиот век.

 

Васил Христов, режисер