СОНЕТИ – РЕЖИЈА ЈОВАН РИСТОВСКИ

По мотиви од Сонетите на Вилијам Шекспир
Режисер:Јован Ристовски
Драматург: Билјана Крајчевска
Костимограф : Благој Мицевски
Избор на музика: Јован Ристовски-Јовица
Тон: Александар Димовски
Светло: Илија Димовски
Игор Мицевски

Инспициент: Мирко Лазаревски
Фотографија: Коста Дупчинов
Премиера: 18 април 2016

Улоги:
Јулијана Мирчевска: Ненормалните, Вештерките
Илина Чоревска: Цика Пикас
Елена Моше: Цика Пкас
Александар Копања: Плачкото
Викторија Степановска-Јанкуловска: Гу Гу
Огнен Дранговски: Човекот
Габриела Петрушевска: Магна Матер

Кога ќе помислам на нашата планета земја, и сè што постои на неа, ми се одзема здивот, се ежам од возбуда, доживувам еуфорија и се расолзувам на нашето битие… Зарем ние луѓето сме уништувачи или создавачи?
Јован Ристовски Јовица, театарски режисер

Сонетите на Шекспир се исклучително храбри, неконвенционални, луцидни; во нив Шекспир си поигрува, провоцира, се преиспитува себе си и нас, нудејќи ни еден комплексен поглед на животот во кој никогаш не можеме да се дистанцираме од преиспитувањето на најважните проблеми што ја мачат денешницата.
Поттикнат од овој драмски потенцијал на Сонетите, иако Шекспир можеби никогаш не претпоставувал дека неговите Сонети ќе се постават на сцена како претстава, режисерот Јован Ристовски создава еден исто толку необичен тетарски свет со драмска предлошка-материјал инспириран токму од ова поетско творештво. Велам необичен зашто не само по сензибилитет туку и по форма и содржина оваа претстава има свој сопствен израз, почнувајќи од јазикот што актерите го користат (џибриш-измислен јазик) преку кој се артикулираат експлицитни говорни форми -што бездруго го коментира хуморот кој за жал денес сè уште се провлекува под поимот комедија. Да се вратам на почетокот. „Ш”-името на претставата имплицира крај, а „крајот” на претставата треба да наговести нов почеток:
…„ Погледни в огледало и кажи му на лицето што го гледаш
дојдено е времето тоа лице да создаде друго”. (Сонет 3 од В. Шекспир).
Почеток надвор или внатре светот на Вештерките (Куринтиките) кои слично на мајсторите од Сон на летната ноќ на Шекспир создаваат „театар”(свет) што непрестано бива „инфициран” односно претопуван и уништуван од Човекот-главниот виновник за распадот на секоја природна или општествена конструкција, па на крајот дури и имагинативно творечка. Тој уживајќи го конформизмот без пардон и во името на „љубовта” деформира сè што е тварно и нетварно. Тој одлучува: Индувидуа vs колективитет, стереотипи и предрасуди, критичност или конформизам, емоции или рацио. Наоколу; силуети, популарна култура, стилизирани и експанзивни гестови, актерска архива на емоции и коментари во контекстот на размислите на современиот човек, светилики, непристојни звуци, чудни перики-симболизам кој можеби некаде едвај ќе пробие до крај. И тоа до кој крај? Најсилиниот аргумент всушност завршува во публиката- таа е окото во кое се рефлектира сцената: да се стане токму онаа промена што сакаме да ја видиме во светот.
Билјана Крајчевска, драматург