АНТОНИЕ И КЛЕОПАТРА

В.Шекспир
АНТОНИЕ И КЛЕОПАТРА
превод: Драги Михајловски

Адаптација и режијa: Џон Блондел
Драматург: Билјана Крајчевска
Соработник на текст: Рандал Мартин
Асистент режисер: Јован Ристовски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Сценски движења: Рисима Рисимкин
Музика: Миодраг Неќак
Светло: Илија Димовски
Инспициент: Митко Ивановски
Суфлер: Зорка Ѓаковска
Фотографии: Александар Буневски

Премиера: 22.06.2015

Улоги:


Антоние (триумвир на Рим): Петар Горко
Октавијан Август (триумвир на Рим): Марјан Ѓoрѓиевски
Лепид (триумвир на Рим), Пророкот, Ерос (пријател на Антоние) , Стражар: Борче Ѓаковски
Домитрие Енобарб (пријател на Антоние): Викторија Степановска
Клеопатра, кралица на Египет: Валентина Грамосли
Октавија- сестра на Цезар, Гласник, Војник, Шут: Елена Моше
Хармија (придружничка на Клеопатра): Соња Михајлова
Ира (придружничка на Клеопатра), Гласник, Тидија (пријател на Цезар), Војник, Диомед и Мардијан (евнуси на Клеопатра): Петар Спирковски

Шекспир во 1606 г. ja напиша oваа голема трагедија како последна од низата четири неверојатни трагедии што и претходеа: Отело, Крал Лир и Магбет. Многумина (како и јас лично) ја сметаат Антоние и Клеопатрa како најтешка драма, но истовремено и како највозвишено уметничко достигнување на Шекспир. Таа ги поместува границите на сцената до една критична точка, претставувајќи еден опсег на дејство и ситуации кои не можат да се споредат со ниту една друга драма, не само на Шекспир туку воопшто и опишува неверојатно комплексни ликови -богато нијансирани и постојано контрадикторни. Антоние и Клеопатра го прикажува опојното влијание на Моќта и Копнежот, како и сеизмичките промени кои се појавуваат во поголемиот дел од цивилизираното општество кон залезот на последниот милениум пред новата ера. Па, и во поглед на вербалната поезија, таа претставува најголемиот дострел на Шекспир. Познатиот англиски академик и критичар Г. Вилсон Најт ќе каже „кога станува збор за таква поезија, ние сме сe помалку свесни за сe останато освен за онаа турбулентна моќ, бранувањата и крешендата од длабочините надвор од границите на вербалната дефиниција и како што се развива, енергијата се насобира во еден колосален бран на страст, а темпото и жестината растат“. Оваа изведба се обидува да ја скроти таа турбулентна енергија на драмата и да создаде бран на страст кој ќе се издигне, ќе се разбранува и плисне во публиката. Ми претставува огромно задоволство и чест да бидам режисер на првото поставување на оваа драма на македноски јазик, преку еден нов и моќен превод на неспоредливиот Драги Михајловски и на мое огромно воодушевување, да соработувам со извонредните уметници од Народниот театар Битола.

Џон Блондел, режисер

* * *

Големи луѓе, пресудни мисли, пресудни чинови, пресудни емоции.Свет на страсти и судбина.Свет во кој лесно и просто се губат животи, држави, се менуваат позиции, се напуштаат жените, мажите, љубовниците, се изневеруваат пријателите, се сака власт. Да, по извесно време , сето тоа ќе се изрелативизира, ќе стивне или едно ќе прејде во друго. Но во дното на срцето сепак ќе остане тоа чувство: што е тоа што вистинско? Дали љубовта ја имаше моќта за промени? Антоние и Клеопатра на Џон Блондел е изведба на промени. Примамлив естетски концепт: во првата половина претставата е комедија, а вториот дел преминува во трагедија.Додека една сцена се претопува во друга, се доловува филмскиот ритам на претставата, како и нејзиниот надреален карактер- ликовите со промената на атмосферата се претвораат во некој друг- лик, сепак постепено приближувајќи се до сопствената пропаст. Крајниот резултат и призор на сцената (кореографски, костимски, сценографски и музички) даваат силна драмска моќ. Да се чита Шекспир, да се режира, да се игра и да се гледа e животна философија.

Билјана Крајчевска, драматург