БАР РЕМАРК

Фантазија според романот „Тројцата воени другари“ и писмата на Е.М. Ремарк

Адаптација и режија: Александар Баргман
Консултации за текстот: Дарја Голубева
Превод од руски: Оливера Павловиќ
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Музика: Марјан Неќак
Тон: Николче Терзиевски
Светло: Илија Димовски
Драматург: Оливера Павловиќ
На пиано: Јана Четелева Белевска
Инспициент: Мирослав Лазаревски
Суфлер: Зорка Ѓаковска
Помошник на режисерот и преведувач: Димитар Марков

Премиера: 03.08.2016

Улоги:

Роберт Локамп: Огнен Дранговски
Готфрид Ленц: Никола Пројчевски
Ото Кестер: Мартин Мирчевски
Патриција Холман: Катерина Аневска
Професор Жафе/Валентин Гаузер: Борис Чоревски
Алфонс/Пастророт: Петар Мирчевски
Матилда Штос: Јулијана Стефановска
Хасе: Борче Ѓаковски
Фрау Хасе/Фрау Блументал: Илина Чоревска
Биндинг/Блументал: Филип Мирчевски
Фрау Залевски: Елена Моше
Ерна Бенинг: Маја Андоновска
Георг Блок: Александар Стефановски
Дамата од барот/медицинска сестра: Кристина Христова Николова
Тој од барот: Александар Копања

Претставата БАР РЕМАРК е работена по мотиви на култниот европски роман Тројцата другари од Ерих Марија Ремарк -една од најзначајните книги на европскиот егзистенционализам меѓу двете светски војни, но не се занимава ниту со војната, ниту со политиката на тоа време.

Во основата на на нашата одлична драматизација, во која за важни животни прашања се зборува едноставно и разбирливо, лежи љубовната приказна за двајца млади луѓе, кои во текот на десет месеци од нивното познанство, се обидуваат да ја достигнат среќата во животот. Во таа игра на љубовта, ги вовлекуваат и другите ликови – посетителите на еден необичен бар, мечтатели и измислувачи на неверојатни животни приказни, кои, борејќи се да ја надминат монотонијата и безнадежноста на секојдневието и да го осмислат, умеат да си поиграат со каприците и непогодиците на животот.

Извонредниот и режисерски искусен Александар Баргман, понуди естетски јасен концепт, кој на актерите им отвори простор за слободна имагинација и импровизација во играта, со која тие создадоа претстава во која ќе уживаат и тие и публиката.

Оливера Павловиќ