Битола Шекспир Фестивал 2014

МК | EN

ПРЕДФЕСТИВАЛСКИ НАСТАН 05.06.2014 (четврток) ХАМЛЕТ

Глоуб Театар – Лондон

режија: Доминик Дромгул и Бил Бакхерст
На 23 април 2014 – на 450 годишнината од раѓањето на Шекспир – шекспировиот Глоуб ќе тргне на двегодишна светска турнеја со „Хамлет“ поставувајќи си за цел да ја посети секоја земја во светот. „Хамлет“ на Globe to Globe, во режија на Уметничкиот директор Доминик Громгул, ќе биде никогаш претходно видена театарска авантура. Трупата ќе пропатува низ сите 205 нации во светот за да го постави Хамлет во широк опсег на уникатни атмосферски услови и места, од селски плоштади до државни театри, од палати до плажи. Ќе патуваат со брод, во кушет вагони, џипови, галии и авиони, преку седумте континенти. Хамлет на „Globe to Globe“ ја е уште еден чекон кон зајакнување на постојаната посветеност на Глоуб во насока на интернационализација на Шекспир по зашеметувачкиот успех на Фестивалот „Globe to Globe“ во 2012 година. Во текот на овој фестивал, 110,000 луѓе, од кои 80 проценти за првпат го посетуваа Глоуб – се собраа да гледаат 37 дела на Шекспир изведени на 37 различни јазици за време од само шест недели. Оваа пак, нова турнеја ќе пренесе едно најпознатите дела на Шекспир до некои од најнепристапните делови на светот.

17.07.2014- Press

19.07.2014 (сабота) ХЕНРИ IV

Национален Театар – Мексико

режија: Хуго Аревилјага Серано
Искушението за режисерот, Хуго Аревилјага Серано, можеби беше да ги истакне конкретните одеци на драмата низ мексиканската историја и култура: крал крунисан по пат на државен удар; двајца млади луѓе се борат за мачо надмоќ; завојуваните страни се борат за граници. Овие референци се провлекуваат и овде – стариот Крал (Марко Антонио Гарсија) зборува со раздразлива авторитарност на диктатор што се обраќа на толпата, а помладите машки ликови постојано се драпаат за гениталиите, како да сакаат да го нагласат клишето за латино мачо-мажите. Но дејството се случува во некое неодредено минато време, грубите волнени наметки и рачно-фарбани панталони потсетуваат на хипи-изгледот на средновековните патувачки трупи (иако костимот на кралот, долга наметка покриена со златни лисја, беше еден од ретките пропусти на продукцијата: изгледаше збунувачки, како дрво). Изведбата на шекспировите стихови на мексикански шпански, иако делумно губи од поетичноста на оригиналот, звучи мераклиски снажно. И, како и со многу други странски преводи, вешто го заобиколува проблемот на неразбирливоста кој често ги расипува комичните сцени. Фалстаф (одличен Роберто Сото, со голем стомак стегнат во елек со нитни) и Принцот Хал (кичесто грациозниот Констатино Моран) зборуваа со лабав мексикански уличен сленг, а честите пцовки изнудуваа гласно смеење од восхитената публика.

 

20.07.2014 (недела) МНОГУ ВРЕВА ЗА НИШТО

Театар Комедија – Скопје

режија: Дејан Пројковски
Вилијам Шекспир е синоним за театарот и светската драматургија. Автор на големи трагедии како Хамлет, Отело, Макбет, на историските хроники Ричард III и Хенри VI, но и на најголемите комедии како Сон на летната ноќ, Комедија од грешки и Многу врева за ништо. Многу врева за ништо е пишувана во 1598 год. и претставува една од неговите најбогати дела во однос на колорит на ликови и ситуации. Текстот блика од комични ситуации кои ги развиваат ликовите на благородниците од Месина. Дејствието на текстот се одвива во Месина, и целиот текст се заснова на љубовните згоди и незгоди на два љубовни пара, Беатриче и Бенедикт, и Клаудио и Херо, и сите оние кои ја поткрепуваат или рушат нивната љубов.Претставата ќе се занимава со упорноста и отпорноста на љубовта, низ какви се пречки мора да помине и да ги преброди. Ќе се занимава со борбата меѓу половите, но и класите. Борба за вистинска љубов со вистинска љубов.

 

21.07.2014 – Press

21.07.2014 (понеделник) ХАМЛЕТ

Национален Театар – Истанбул

режија: Ишил Касапоглу
Хамлет… личноста што може вешто да режира, прикажува, да живее игри во игри, да станува кловн пред кловнови, и благородник пред благородници, е паметен како најпаметните, набиен со таква актерска способност што би можел да стане совршен лудак, а сепак се прашува себе си како е можно актерите да менуваат костим, идентитет и постоење.
Карактерот на Хамлет е во процес на постојана промена, како и неговиот стил, а овојпат се прикажува како личноста, што е истовремено и во рамките на, и надвор од настаните, оној кој истовремено ги преживува и раскажува, со неговата осаменост на сцената.
Како една од најчесто поставуваните претстави на Вилијам Шекспир, Хамлет е истовремено и класично уметничко дело за кое најмногу се дискутира, најмногу се пишува, кое најмногу се толкува, а истовремено продолжува и да биде тежок лик, кој се преиспитува со секоја нова ера.

 

22.07.2014 (вторник) СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ

Национален Театар – Тирана, Албанија

режија: Џон Блондел
I am not afraid to say this: I love this play. I have studied it, seen it, and wondered about it for nearly three decades. I’ve directed it on three occasions, the most recent being this production, staged for and with the wonderful actors of the National Theatre of Albania. The play deftly weaves together three parallel stories: the trials and experiences of two sets of lovers who escape to a magical forest, the world of the Fairy King and Queen and their elves, and a group of craftsmen attempting to stage a play for the wedding of Theseus, the Duke of Athens and Hippolyta, the Queen of the Amazons. The play’s rich combination of reality and fantasy, wonderful language and characters, and dreamlike atmosphere are simply unmatched in the English language. The play is principally about Love, in all its strange, alluring, and mystifying dimensions. No other play presents the vertigo-inducing phenomenon of love and its effects in such a fully realized and authentic way. In this play (as most of us know only all too well) Love can separate and destroy, but it can also heal and mend. It changes people. In the end, the play presents a vivid depiction of the trials and tribulations of lives in love. It’s also a perfect play for a theatre festival, since the play presents what all festivals are after – a celebration of the transformative power of plays, players, and playing. Thank you for coming – Play On!
John Blondell, Director

 

23.07.2014 (среда) КРАЛ ЛИР

Театар Џинот – Велес

режија: Ѕвездана Ангеловска
…Дали некој може да ни ја врати рамнотежата на светот или одамна ја загубија нашите предци? Ако беше поинаку, тогаш зошто постојат трагедиите во светот, или се тие тука за да докажат дека Доброто нема да го победи Злото, за да триумфираме во привремената рамнотежа? Извонредна е лудоста на светот, зашто сопствените постапки ги криеме под Сонцето за мирно да спиеме под променливата Месечина… Не е ли тоа наша заблуда, сон, кој не прогонува во лаги, измами и неверства, каде љубовта го добива ликот на омразата и ни се потсмева обоена со црвена крв? Дали сум крал, татко или послушна ќерка, обесправен син, покорен слуга или љубовник алчен за трон – сеедно – јас сум будала…еден обичен шут, зашто кога мислиме дека сме го преживеале невремето, токму тогаш последниот бран не потопил, а нашата последна мисла е …„Не, не ми можат ништо…“ Ете тоа е човекот.

 

24.07.2014 (четврток) ШЕКСПИР ВО КУКЛИ работилница

Д-р. МАРЕК ВАЗИКЕЛ, историчар, критичар, директор на Театарот за анимација во Познан, Полска (од 2014), е редовен професор по историја на куклена уметност во Театарската академија во Варшава, каде од 1999 до 2005 година бил продекан надлежен за Одделот за куклена уметност во Бјалисток. Од 2005 до 2012 бил генерален и уметнички директор на Куклениот театар во Бјалисток. Од 1977 до 2005 година работел за Институтот за уметност при Полската академија на науките, Варшава, како истражувач на историјата на куклена уметност и уредник на „Театарски дневник“, а потоа и главен уредник на Библиографскиот речник на полскиот театар. Истовремено бил и член на извршниот комитет на UNIMA International од 1996 до 2004 година, и потоа повторно од 2008 до 2012, како претседетел на Комисијата за комуникации и издаваштво на UNIMA, Комисијата за обуки на UNIMA. Објавил многу студии за куклената уметност во Полска, како и многу статии за куклениот театар насекаде низ светот. Неговите најзначајни книги се „Историја на куклениот театар во Полска (до 1945)“, Варшава 1990 и „Историјата на куклениот театар во Полска 1944-2000“, Варшава 2012. Уредник е на серии во врска со полските куклени уметници и историските и теоретски аспекти на кукларството. Соработува со многу куклени театри, школи и фестивали за куклен театар во повеќе земји, како советник за куклена уметност.

 

24.07.2014 (четврток) ОТЕЛО

НУ Народен Театар – Битола
режија: Диего де Бреа
Претставата е едно реално видување дека и најмоќните луѓе имаат чувствително место кое може да се скрши. Текстот е приказна за еден човек кој има целосна контрола врз себе, но влегувајќи во параноидна состојба, се соочува со љубомора и на крајот завршува трагично, што всушност е дел од мајсторството на Шекспир. Актерите во претставата се отвораат себеси. Овој текст не е прагматизам и не е рационален текст, туку говори за тоа дека љубомората се јавува од ништо. Зборува за тоа како една банална работа може да уништи една империја, а тоа се случувало отсекогаш во историјата. Темата во ова време во кое живееме, во секоја смисла, е многу актуелна. Тоа е цивилизациска тема која ја третира војната, љубовта, верата, а всушност најмногу се занимава со тоа што Пандорината кутија на нашето време е желбата за власт. „За мене како режисер секогаш предизвик е сензацијата на сцената и затоа дадов максимален простор на актерот.“- истакнува Диего де Бреа.

 

25.07.2014 (петок) СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ

Театар Војдан Чернодрински – Прилеп

режија: Нела Витошевиќ
„Сонот на летната ноќ“ најверојатно заради својата извонредно провокативна тематика како и крајно невообичаена драмска структура каде не постои основна драмска линија на развој туку истовремено се развиваат четири, па и повеќе паралелни приказни е најчесто играно, изучувано, анализирано, но и оспорувано Шекспирово дело. За мене овој текст претставува една мистична драмска структура која ја истражува темната страна на сонот, стравот и соочување со непознатото како и односот помеѓу разумот и чувствата. Идејата е да се изрази метаморфозата на човечката состојба односно да се отвори светот на потсвеста и да се разоткријат потиснатите нагони и скриените желби. Во таа смисла претставата се занимава со дуализмот на човековата природа, преку паралелен приказ на два контрадикторни света – реалниот свет на кралството наспроти фантастичниот свет на шумата. Светот на кралството го симболизира танатосот. Тој го претставува разумот, поредокот и моралот. Тој го отсликува светот на правилата и конзервативизмот во кој власта и општествените норми имаат апсолутна контрола и ја потиснуваат единката. Светот на шумата го симболизира еросот. Тој ги претставува нагоните, љубовта и слободата. Тој го отсликува светот на либерално мислење каде емоциите и старстите го победуваат разумот.

 

26.07.2014 (сабота) БЕЗ ЛИР

Театар Поколенија – Санкт Петербург, Русија
режија: Еберхард Колнер
Бремето на ова тажно време неодложно не’ тера да не говориме кутурица, туку од душа, со вера; старите истрадаа многу. Ние што сме млади волку ниту ќе видиме ко нив, ниту ќе доживееме толку.
Шекспир, Крал Лир
Познатиот режисер и театарски педагог, основачот на Театарот Поколенијa, Зинови Корогодски (1926-2004), на начелно имаше замисла да го постави „Кралот Лир“ во Театарот Поколенијa и самиот да ја одигра ролјата на Лир. Сепак, планот не му се оствари од различни причини. Оваа претстава, поставена од Данила Корогодски, се вика „Без Лир“. Кралот умрел. Околу напуштениот престол летаат спомени за бунтовниот Крал, последниот романтичар – груб и наивен, во тврдоглава потрага по својата сопствена вистина, правда и верба до самиот крај. Трагедијата на Лир прераснува во трагедија за светот кој ја изгубил сета своја хармонија. Потсетувајќи се на Кралот, и реконструирајќи го неговиот живот дел по дел, поданиците во неговото кралство бараат начин да продолжат да ги живеат своите животи – но животи без Лир.

 

27.07.2014 Антички центар на модата – Хераклеа