ГЕНОЦИД

Режија: Љубиша Георгиевски
Драматург: Билјана Крајчевска
Сцена и костими: Мери Георгиевска
Музика: Марјан Неќак
Светло: Илија Димовски
Тон мајстор: Николче Терзиевски
Инспициет: Мирко Лазаревски
Суфлер: Радојка Димеска

Премиера: 14.03.2015

Улоги:

Хекуба: Габриела Петрушевска
Агамемнон: Петар Мирчевски
Полковникот: Слободан Степановски

Оваа драма во седум слики ни ги прераскажува сите наши приказни за уривањето, за злосторствата, за мирот и војната, за вистината и лагата, за мажот и жената, за минатото што ужасно трае во СЕГА, за човековите страсти и порази, за погубноста на погубувањето. За тежината на овој текст да биде уште поголема, Георгиевски го посветува на „Македонските мајки кои раѓале по едно чедо повеќе отколку што крвниците можеле да потоморат“. Овој театар не остава ниту еден момент на празнина, ниту каква било сенка која лута по ќошевите на сцената. Овој е театар на којшто театарот му се радува.