ДЕТЕТО СОНУВА

Автор: Ханох Левин

Драматург: Билјана Крајчевска
Превод од англиски*: Снежана Крајчевска Плушковска
Режисер: Итаи Дорон
Сценографија и визуелно уредување: Омри Розенблум
Сценограф-советник: Валентин Светозарев
Костимограф: Благој Мицевски
Дизајнер на светло: Лиор Мајтал
Светло – мајстор: Илија Димовски, Горан Петровски
Оригинална музика: Томер Ранбиновиц
Дизајн на тон: Александар Димовски
Менаџер на продукција: Петар Трајчевски
Видео-оператор: Владимир Переловски, Филип Ошавков
Реквизита: Спасе Петрушев
Инспициент и снимател: Димитар Михајловски
Шминкер: Сашо Мартиновски
Суфлер: Зорка Ѓаковска
Сликар изведувач: Горан Спасевски
Преведувач на проби: Ана Грамосли
Фотограф Александар Буневски

Премиера: 26.01.2019

Играат:

Катерина Аневска Дранговска
Огнен Дранговски
Борис Чоревски
Ангел Мицевски
Марјан Ѓорѓиевски
Петар Горко
Соња Михајлова
Борче Ѓаковски
Соња Ошавкова
Петар Мирчевски
Никола Стефанов
Анастазиа Христовска
Александар Стефановски

ЗА ДЕТЕТО СОНУВА

Првата верзија на текстот беше со наслов „Бродот Св. Луис – Песни за смртта“ и како што и самото име кажува, Левин првично напишал текст по вистинска приказна за бродот Св. Луис, бродот кој запловил од Хамбург кон Куба на 13 мај 1939 година со 937 бегалци, германски Евреи, кои сакале да побегнат по една од најкрвавите ноќи за Евреите – Кристалната ноќ. На бегалците не им е дозволен влез во Хавана, па се обидуваат да најдат прибежиште на други пристаништа во САД и Канада, но и таму им е забранет влезот. Се враќаат повторно во Европа, каде се прифатени од повеќе земји, но сепак многу од бегалците на крај завршуваат во нацистичките концентрациони логори. На крај, Левин се откажува од обидот да напише историска драма и крајниот резултат е драмски текст, во атмосфера на сон, необременет со историски факти – универзален, поетски и безвремен.

Драмата ни открива приказна за едно патување на една мајка и едно дете кои бараат прибежиште по напуштањето на својот дом, откако војници го убиваат таткото и ги протеруваат мајката и синот.
Тие запловуваат во пространиот океан на непознатото, молат за засолниште на еден сиромашен остров и желни се да се откажат од сѐ освен од животот, чекајќи каков и да е спас.

ЗА СОНИШТАТА И ДЕТСТВОТО

Во реалноста што сега ја живееме на глобално ниво мошне е лесно да се пронајдеме во политичката слика и моралниот код кои се претставени во текстот. Кризата со бегалците насекаде низ светот ни овозможи да видиме потресни слики и да се соочиме со морални дилеми не само на ниво на континенти и држави, туку и како личности – каква треба да биде нашата реакција на оваа реалност? Кој е вистинскиот мотив да се помогне и по која цена?

Сите овие прашања нѐ поттикнаа за да ја избереме токму оваа драма, токму сега и во овој град. Колку подлабоко тонете во зборовите на Левин толку повеќе се дистанцирате од овие прашања. Колку многу е лесно да заборавите дека оваа претстава е за сон. И за едно дете кое го сонува тој сон. Кое е тоа дете? И зошто го сонува тој сон?

Сликата што ја прикажува овој текст на Левин – суровата реалност која се открива за време на патувањето, добива еден бесконечен облик низ призмата на сонот.

Реалноста на поединецот и реалноста на надворешниот свет се спојуваат – се мешаат сонот и јавето.