КОКОШКА

Автор: Николај Кољада
Режија: Маријан Ѓоргиевски
Сцена: Валентин Светозарев
Костими: Благој Мицевски
Драматург: Оливера Павловиќ
Светло: Димче Спасевски
Испициент : Митко Ивановски, Димитар Михајловски
Суфлер: Радојка Димеска

Премиера: 09.02.2015

Играат:

Јулијана Мирчевска
Катерина Аневска
Соња Ошавкова
Александар Димитровски
Николче Пројчевски

Николај Кољада – „сонцето на руската драматургија“, како што самиот еднаш се нарече, и како што го нарекуваат, кој иронично, кој со уважување, театарските дејци ширум светот – веќе три децении предизвикува голем интерес во театарскиот свет. Неговите пиеси се поставувани во најзнаменитите театри во Русија, преведени се на многу јазици и се изведуваат во Германија, Италија, Англија, САД, Швајцарија …

„Феноменот Кољада“ во театарот не е случаен: тој е извонреден драматург – неговите пиеси се интересни за анализа и во нив има за што да се размислува. Кољада е можеби суров во својот натурализам, тој не нуди лажна утеха за животот таков каков што е, но и не го остава човекот без потпора во неговата потрага да се извлече од празнината и небитието. Прифаќајќи ја драмата на својот живот како свој живот, неговите ликови создаваат можност да се прифатат себеси како луѓе, а со тоа и светот светот на сопствените можности како добар свет за себе.

Оливера Павловиќ, драматург