КРАЛСКИ ИГРИ

Режија: Љупчо Ѓорѓиевски
Превод од руски: Оливера Павловиќ
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓорѓиевски
Музика: Марјан Неќак
Светло: Илија Димовски
Суфлер: Гордана Михајловска
Инспициент: Митко Ивановски

Премиера: 06.03.2016

Улоги:

Хенри VIII крал на Англија: Петар Горко
Томас Болејн кралски благајник: Слободан Степановски
Елизабета негова жена: Соња Михајлова
Мери Болејн ќерка на Болејн: Викторија Степановска Јанкуловска
Ана Болејн ќерка на Болејн: Катерина Аневска
Норфолк брат на жената на Томас Болејн: Борис Чоревски
Вулзи лорд-кардинал: Митко С. Апостоловски
Кромвел секретар на лордот-кардинал: Иван Јерчиќ
Перси вереникот на Ана Болејн: Борче Ѓаковски
Џејн Сејмур дворска дама: Сандра Грибовска
Епископ Фишер: Душко Јовановиќ
Томас Мор: Васко Мавровски
Вајт поет: Александар Копања
Норис: Никола Пројчевски
Смитон: Петар Спировски
Економка: Јулијана Стефановска
Слуга: Александар Стефановски
Елизабета I: Луција Јерчиќ

ВЛАСТ ИЛИ ЉУБОВ – Ова е приказна за еден владетел – апсолутист – кој во свои раце ја прибира целокупната световна и духовна власт. Во такви услови народот нема право да зборува, ниту пак да мисли или чувствува, а кога молчи и тоа молчење има свое значење. Неговата апсолутна моќ, прекршувајќи се во огледалото на неговата љубена жена, се распарчува на илјадници делови од суета, завист, страв, злоба, љубомора и слично. Ставен е во ситуација да одлучи: Или да се прикаже така разобличен пред поданиците и светот или да го скрши огледалото што го разобличува како таков. Со други зборови, да биде крал или човек, да ја прегрне власта или љубовта. И за жал, мотивот за власт се покажува како посилен од љубовта. Според некои современи испитувања тој е посилен и од мајчинскиот мотив. Но ова не е претстава само за владетелот – апсолутист. Тој не може да се роди, ниту да вирее, ако нема плодна почва за тоа. Ова е претстава за оние кои го ствараат и поддржуваат с? со цел да се доберат до некоја трошка падната од трпезата на власта. И кога владетелот го нема, тие преживуваат, бидејки се вечни и веднаш брзаат да створат нов владател, с? со иста цел.

Љупчо Ѓоргиевски

***

Григориј Горин (1940 – 2000) е – еден од најзначајните и најпопуларните драматурзи на Русија, сценарист и писател, класик на сатиричната проза.

Завршил медицински факултет и работел како лекар. Некое време се барал себеси меѓу медицината и драматургијата, додека не ? дал предност на втората, а подоцна го открил и филмот. Од самите свои почетоци како драматург и сценарист, соработува со славниот театар „Ленком“, каде што познатиот режисер Марк Захаров ги поставува неговите пиеси: „Да се заборави Херострат“, „Тил“, „Домот што го изгради Свифт“. Од творечката соработка со Захаров, се раѓаат советските хитови, како „Формула на љубовта“, „Токму тој Минхаузен“, „Да се убие змевот“. Настапува и на телевизија со свои програми. Со емисијата „Околу смеата“, стекнал голема популарност.

Во повеќето свои дела, Григориј Горин го тера гледачот да ја преиспита својата претстава за светот на историските настани и на интимата, давајќи им на своите шеги и иронични интерпретации на историјата и на секојдневието длабока филозофска смисла. Благодарејќи на тоа, делата на Горин се актуелни и денес.

Инспирацијата за пиесата „Кралски игри“ потекнува од историската драма на познатиот американски драматург и теоретичар на театарот Максвел Андерсон – „Илјада денови на Ана Болејн“. Основана на хрониките на владеењето на жестокиот и развратен Хенри VIII, оваа драма само била добар материјал за драматургот Григориј Горин, кој ќе создаде богата сценска фантазија на тема: меѓу љубовта и жестоката игри со страстите.

Оливера Павловиќ