СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ

Автор на текст: Идо Нетанјаху
Режија: Благој Мицевски
Превод: Оливера Павловиќ
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Музика: Александар Димовски
Светло: Илија Димовски
Суфлер: Зорка Ѓаковска
Инспициент: Митко Ивановски

Премиера: 28.02.2017

Улоги:

Петар Горко – Доктор Франкл
Васко Мавровски – Доктор Леман/Довидл
Соња Михајлова – Госпоѓа Шилер
Сандра Грибовска – Тили, сопруга на Франкл
Борче Ѓаковски – Милош, затвореник
Иван Јерчиќ – Ерих

Дали во душата на човекот може да се бара причината за огромната омраза и злоба во општеството, како онаа кон Евреите? Ако е така, дали искоренувањето на таа злоба и на сите други општетсвени проблеми може да се пронајде во лекување на индивидуата, независно од тоа дали индивидуата е предатор или плен? И дали таа општествена болест е производ на идеологија, која е над човечкиот ум,над психолошките толкувања, над сите лекувања, па тоа ја прави уште пострашна? Овие прашања се сржта на Смислата. Судирот меѓу Бети (пациентката ) и Франкл (психијатарот), како и долгогодишната борба на Франкл и другите затвореници во нацистичките концентрациони логори, претставуваат обид да се сфати вистинското значење на силите што владеат со нашиот свет – и тогаш и сега.

Идо Нетанјаху