Најновата премиера во Битолскиот театар, трета по ред за сезона 2024, 2025 е ,,Ричард III“ од В. Шекспир во режија на Мартин Мирчевски, која ќе се прикаже на 25.10, петок.
Се работи за независна продукција, во соработка со Битолскиот театар.
„Се радувам што нашиот колега Мартин, повторно се појавува како режисер на претстава, сметам дека ова е едно од најдобрите дела на Шекспир „Ричард трети“, истакна на денешната прес конференција директорот Васко Мавровски, додавајќи дека и оваа премиера е во рамките на програмата за одбележување на јубилејот на театарот, 80 години постоење.
Покрај премиерите, од 6.до 14 ноември ќе има секојдневни настани во театарот по повод јубилејот.