Jazz Factory Festival – JFF25 | 19.04.2025

Датум:

19 април, 2025

Време:

20:00

Локација:

НТБ - Голема сцена

НУ Народен театар – Битола
19.04.2025

20:00
CODE 369 North Macedonia

CODE 369 е музички проект формиран во 2020 година, продолжение на долгогодишната музичка дејност на нејзините членови, кои веќе имаат значајно присуство на македонската сцена. По објавувањето на нивниот деби-албум, CODE 369 започнаа да го промовираат својот официјален видео запис за песната „Вистинска љубов“ кој беше снимен во Загреб по потпишувањето на договорот со Кроација Рекордс. Членовите на CODE 369 се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Гоце Јованоски (бас гитара, клавијатури), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали).

21:00
JFF LITTLE BIG BAND conductor TONI KITANOVSKI North Macedonia

JFF Little Big Band е оригинален бенд – продукција на Џез Фабрика Фестивал со висока уметничка и изведувачка вредност, уникатна музичка персоналност, кој изведува композиции од современи македонски автори како Драган Ѓаконовски Шпато, Тони Китановски, Васил Хаџиманов, Сашо Поповски и други, под диригентската палка на проф. Тони Китановски од Универзитетот Гоце Делчев Штип, дипломец на светски признатиот музички колеџ Berklee College of Music во Бостон. Овој бенд ги обединува некои од најталентираните и најпознатите македонски џез музичари од поновата генерација, и тоа:
•Стефан Тасевски (сопран саксофон)
•Христијан Ристески (алт саксофон)
•Кристијан Џорџевич (тенор саксофон)
•Гоце Костурски (тромбон)
•Митко Рошков (труба)
•Александар Нинич (туба)
•Давид Скерлевски (пијано)
•Коста Стеваноски (контрабас)
•Бојан Анакијевски (тапани)

Продолжете со нарачката

Тип на билет: Билет: Цена:
Стандард
600.00 ден
Количина: Вкупно:

Локација:

© 2025 НУ Народен Театар – Битола / NI National Theatre – Bitola