МАЛИЏАНО

Датум:

март 21, 2023

Време:

8:00 pm

Локација:

Народен Театар Битола

„Малиџано“ е претстава за секој еден човек – за секој маж и за секоја една жена, кои се обидуваат да преживеат во овај свет на економски кризи, агресивни пандемии, руинирани емоции и парадоксални, ужасни војни!

„Малиџано“е претстава за пронаоѓањето на смислата, кога неа никаде ја нема, за поттикнувањето на добрината, за што повеќе да нѐима!

„Малиџано“ е претстава за свадбите, за грешките, за љубовите, за љубовниците, за поривите, за добивањето и губењето на менструалниот циклус, за семејствата, за нашите деца што ги имаме и за оние кои што не можеме да ги имаме,  за нашите мајки, за нашите тела, за нашите права, за нашите стравови, за нашите ставови, за непреспиени ноќи!

„Малиџано“ е претстава за сите оние што треперат, што одат на психијатар, што лажат, што веруваат, што љубат, што се спротивставуваат, што се борат, што се разочаруваат!

„Малиџано“  е ода за жените ФЕМИНИСТКИ, коишто со сопствените раце го составуваат овај свет и го туркаат напред, правејќи пат за новите генерации девојчиња и девојки, за новите тинејџерки и студентки, за новите СОЛИДАРНИ, борбени ЖЕНИ!

„Малиџано“ е повик да не ја загубиме храброста!

„Малиџано“ е повик да се радуваме, во овај толку суров и во исто време толку прекрасен свет!

„Малиџано“  е повик да се смееме!„Малиџано“ повик ДА ЖИВЕЕМЕ!

 

Софија Ристевска – Петрушева – режисер

 

                                                    

Измината претстава

Локација:

Вкупно места: 20 (20 Лево)
  • Народен Театар Битола
  • Широк Сокак бр.60
  • Битола
  • Битола
  • 7000
  • Македонија

Event Schedule Details

  • март 21, 2023 8:00 pm   -   9:40 pm
Споделете
ДОДАЈТЕ ВО ВАШИОТ КАЛЕНДАР

© 2023 НУ Народен Театар – Битола / NI National Theatre – Bitola