ТАТКО НА ТАТКОВИНАТА
Датум:
септември 20, 2023
Време:
8:00 pm
Локација:
Народен Театар Битола
“ТАТКО НА ТАТКОВИНАТА” е најновата премиера во Народниот театар – Битола која ќе се случи на 21ви декември во 20 часот. “Татко на татковината” е адаптација на култната драма на Алфред Жари, Кралот Иби, која дејствието на драмата, позната на нашите простори, го сместува во механизмот на телевизиски програм, кој пак е поставен на театарските штици. Оваа претстава во претстава ги доведува во судар двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Во таа хаотична средба гледаме приказна што речиси со детски јазик ги отвора прашањата за идентитетот, како индивидуалниот, така и колективниот. Мама и Тато Иби го покренуваат дејствието во оваа претстава преку незаситното барање внимание, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето цврст идентитет.