HAPPY END

HAPPY END

Идо Нетанјаху
Happy end

Режија: Благој Мицевски
Превод од англиски: Ана Василева
Драматург: Оливера Павловиќ
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Музика: Марјан Неќак
Светло: Илија Димовски
Видео: Антонио Божиновски
Фотографии: Александар Буневски
Дизајн: Александар Митровски

Инспициент: Мирко Лазаревски
Суфлер: Радојка Димеска

Премиера: Јуни 2015

Улоги:
Леа Ердман: Кристина Христова Николова
Дитер Крафт: Огнен Дранговски
Марк Ердман: Марјан Ѓорѓевски
Ана: Викторија Степановска Јанкуловска
Ханс Ердман: Александар Копања
Марта: Катерина Аневска

Во претставата се користени и песните “Разговор” од Блаже Конески и “Музеј” од Никола Маџиров

Во основа, драмскиот конфликт во пиесата „Среќен крај“ актуелизира еден проблем, карактеристичен за современиот човек – проблемот на интерпретација на стварноста надвор од сопствениот живот и сопствените претстави за него: како непрепознавањето или несакањето да се препознаат знаците на времето во кое се живее се одразуваат на човековиот личен, внатрешен и семеен живот и како барањето начин да се реализира сопствениот живот во атмосфера на некој вид самоизолација од стварноста изнаоѓа (не)соодветен одговор на таа стварност.
Дејството на пиесата на израелскиот драматург, Идо Нетањаху, нe води во атмосферата на едно навидум друго време од ова денешното – 30-тите години на XX век во Германија. Берлин живее живот на европски центар на културата, кафеата, театрите, салоните се полни со гости, ноќниот живот страсно се излева на неговите улици. Едно еврејско семејство, слободоумно и добро ситуирано и интегрирано во тој „фасцинантен хаос од идеи“, како што вели еден од ликовите, заљубено во тој град, не сака да го види очевидното – реалната опасност по нивните животи од галопирачкиот нацизам…
Преку постојан судир на надворешната стварност и внатрешниот свет на ликовите, авторот на пиесата, гради драма на непрекината тензија во односите, животна криза од која ликовите не излегуваат – застанати пред судот на основните морални и егзистенцијални прашања за сопствените животи. Преку класичен љубовен триаголник, тој дури ги воведува и во игра според мелодрамско сиже, но само формално. Всушност, дејството се развива во драма за она што се нарекува вистински и веродостоен живот: дали страста за животот и слободниот избор да (не)се прифати предизвикот на стварноста ќе доведат до среќен крај.

Оливера Павловиќ