М А Л И Џ А Н О

Режисер: Софија Ристевска – Петрушева

Текст: Билјана Крајчевска / документарни материјали

Кореограф: Кире Миладиноски

Сценограф: Драган Ангелковиќ

Костимограф: Андреј Папаз Ѓоргиевски

Светло-мајстор: Горан Петровски

Тон-мајстор: Николче Терзиевски

Видео-дизајн: Гоце Веселиновски

Фотограф: Ивона Кочов

Инспициент: Мирослав Лазаревски

Премиера: 21.03.2022

Играат:

Маја Андоновска – Илијевски

Никола Пројчевски

Соња Ошавкова

Катерина Аневска – Дранговска

Никола Стефанов

Анастазиа Христовска

Живко Борисовски

Валентин Дамчевски

„Малиџано“ е претстава за секој еден човек – за секој маж и за секоја една жена, кои се обидуваат да преживеат во овај свет на економски кризи, агресивни пандемии, руинирани емоции и парадоксални, ужасни војни!

„Малиџано“ е претстава за пронаоѓањето на смислата, кога неа никаде ја нема, за поттикнувањето на добрината, за што повеќе да нѐ има!

„Малиџано“ е претстава за свадбите, за грешките, за љубовите, за љубовниците, за поривите, за добивањето и губењето на менструалниот циклус, за семејствата, за нашите деца што ги имаме и за оние кои што не можеме да ги имаме,  за нашите мајки, за нашите тела, за нашите права, за нашите стравови, за нашите ставови, за непреспиени ноќи!

„Малиџано“ е претстава за сите оние што треперат, што одат на психијатар, што лажат, што веруваат, што љубат, што се спротивставуваат, што се борат, што се разочаруваат!

„Малиџано“  е ода за жените ФЕМИНИСТКИ, коишто со сопствените раце го составуваат овај свет и го туркаат напред, правејќи пат за новите генерации девојчиња и девојки, за новите тинејџерки и студентки, за новите СОЛИДАРНИ, борбени ЖЕНИ!

„Малиџано“ е повик да не ја загубиме храброста!

„Малиџано“ е повик да се радуваме, во овај толку суров и во исто време толку прекрасен свет!

„Малиџано“  е повик да се смееме! „Малиџано“ повик ДА ЖИВЕЕМЕ!

Софија Ристевска – Петрушева – режисер

 

Тука – каде што живееме, онаму каде што во моментот „сме“ ваква е ситуацијата: да си го напикаш животот во тегла, да конзервираш емоции, стравови, болка, љубов, гревови, неуспеси, болести, неизвесност, во теглата да ги „зовриеш и стерилизираш“ сите планови, работа, иднината,  надежта за спокој,  твојата лична борба, летувањето во Тоскана, чизјек од лимон и една многу очекувана детска насмевка, слободата (која никој веќе не знае што е) и така складиранживотот го чекаш како тегла со малиџанода се отвори кога ќе ѝ дојде ред – никако порано.

Еј, ај да бидеме реални: да не ја оставаме теглата со „Малиџано“ за да ја јадеме попосле, за наредната зима, за наредната инфлација, за наредната пандемија, за наредната нова љубов, занареден пат кога ќе се смени владата, ами со онаа решителност и верба, исто како кога мајка ти со лажица го фрла мувлосаниот слој од малиџаното и ти со сласт како да е ново малиџано продолжуваш да копаш по теглата, да ја отвориме сета зимница на животот зашто овие се зимите и летата – какви и да се.

Билјана Крајчевска – драматург