СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО ИДНИНАТА

Aвтор: Сашо Кокаланов

Режија: Срѓан Јаниќијевиќ

Сценограф: Марија Ветероска

Костимограф: Лидија Георгиева

Кореограф: Александра Кочовска Начева

Музика: Срѓан Јаниќијевиќ, Андреј Наунов

Тон мајстор: Александар Димовски

Дизајн на светло: Илија Тарчуговски

Светло мајстор: Горан Петровски

Инсцпициент: Мирослав Лазаревски

Суфлер: Гордана Михајловска

Премиера: 06.12.2019

Улоги:

Адила – Сандра Грибовска

Андреа – Анастазиа Христовска

Таткото Мартин – Огнен Дранговски

Мајката Матеа – Валентина Грамосли

Папагалот Рамин – Николче Пројчевски

Нова – Никола Стефанов

Полицаецот Менде – Филип Мирчевски

Бабата Менче – Елена Моше

„Си беше еднаш во иднината“ е претстава за борбата на новите генерации да ги исправат грешките на претходните. Таа е приказна за другарството што ќе го спаси светот или барем ќе остави една вклучена неонка во тунелот, за да трепка во темнината. Адила, бегалка од Истокот, зедно со својот папагал Рамин, се на пат кон Дестинацијата, во потрага по иднината за која целиот живот сонувале – безгрижно и богато место за живеење. На тој пат, судбината ги носи во куќата на Андреа, осаменото девојче од иднината, кое има се што Адила и Рамин немаат – пари, храна, напредни технологии и пред се мир, но нема се што тие имаат: животна радост, надеж и пријатели. Средбата прераснува во пријателство во кое двете сфаќаат дека можат многу да си помогнат.

Сашо Кокаланов, автор

Живееме во свет во кој виртуелната реалност сфатена и буквално, но и фигуративно на информатички деконструираниот 21 век, се судира со средновековниот мрачен општествен концепт. Реалноста се топи во „информатичката виртуелност”, колективната свест е поматена етички, па на основните вредности како емпатијата, довербата, конечно и љубовта се гледа со голема доза на скептицизам. Во тој свет едно девојче бега од својата разорена од војна татковина, а друго дете сака да избега од „сивата” нечувствителна и алиенирана реалност на современиот свет.

Срѓан Јаниќијевиќ, режисер