АВГУСТ ВО ОКРУГОТ ОСЕЈЏ

АВГУСТ ВО ОКРУГОТ ОСЕЈЏ

превод: Оливера Павловиќ

Режисер: Драгана Милошевски – Попова

Драматург: Билјана Крајчевска

Сценограф: Валентин Светозарев

Костимограф: Андреј Папаз Ѓоргиевски

Композитор: Маријан Неќак

Асистент на режија: Јован Ристовски

Светло мајстор: Горан Петровски

Тон мајстор: Александар Димовски

Инспициент: Димитар Михајловски

Суфлер: Гордана Михајловска

Шминкер: Сашо Мартиновски

Фотограф: Александар Буневски

Премиера: 30.07.2019

Играат:

БЕВЕРЛИ ВЕСТОН – Борис Чоревски

ВАЈОЛЕТ ВЕСТОН – Елена Моше

БАРБАРА ФОРДАМ – Јулијана Мирчевска

БИЛ ФОРДАМ –Петар Горко

ЏИН ФОРДАМ –  Ангела Димитровска

АЈВИ ВЕСТОН – Викторија Степановаска – Јанкуловска

КАРЕН ВЕСТОН –  Катерина Аневска- Дранговска

МЕТИ ФЕЈ ЕЈКЕН –  Валентина Грамосли

ЧАРЛИ ЕЈКЕН –  Петар Мирчевски

МАЛИОТ ЧАРЛС ЕЈКЕН – Марјан Ѓорѓиевски

ЏОНА МОНЕВАТА – Марија Стефановска

СТИВ ХАЈДЕБРЕХТ –Николче Пројчевски

ШЕРИФОТ ДИОН ГИЛБО – Васко Мавровски

Август во округот Осејџ

„Детето доаѓа дома и родителите го опфаќаат со своите пипала. Остарениот маж или жена, сеедно, нема што да му кажат на детето. Единствено нешто што сакаат е детето да поседи неколку саати на стол, а потоa да легне да спие под ист покрив со нив. Тоа не љубов. Не велам дека љубов не постои. Само, укажувам на нешто што е различно од љубов, но понекогаш се подведува под ист поим. Тоа е само нешто во крвта на човекот. Некој вид алчност на крвта, и тоа е човечка судбина. Тоа го разликува човекот од среќните бесловесни битија. Кога ќе се родиш, твоите мајка и татко губат дел од себе и потоа ќе се убијат, обидувајќи се да си го вратат тоа, а тој дел, тоа си ти. Тие знаат дека не можат целиот тој дел да го вратат, но ќе гледаат да ти откинат што поголемо парче месо. А добрата страна на семејните собири, семејните ручеци под крошната на јаворот, се исто што и нурнување во аквариум со октопод. “

Роберт Пен Ворен, Сите луѓе на кралот

* * *

За Август

Пиесата Август (оригинал: Август во округот Осејџ од американскиот писател Трејси Летс, 2007г.)   е една црна комедија која колку и да е приземна, саркастична  и забавна, исто толку е и тажна  зашто многу јасно ни прикажува колку многу перверзен може да биде човекот по природа и колку е тешко, ако не и невозможно, да се промени таа длабоко вгнездена навика за самоуништување во неговата природа доколку се  обиде да се ослободи од минатото.

Токму така, ова е приказна за луѓе коишто под маската на семејниот живот, делумно од страв или паника, но исто така и од некаква извртена љубов мораат да се уништат. Колку повеќе откриваат за себе едни на други, толку повеќе сфаќаат дека не се познаваат, дека си се туѓинци.  Драмата почнува токму по нивното среќавање.

Повод повторно да се обединат во куќата,  што е чувар на нивните распаднатите животи и вистината која им предстои, е исчезнувањето, односно самоубиството на главата на семејството (патријархот), Беверли, огорчен поет и алкохоличар. Пристигнувањето на погребот и преноќувањето е вистинска менажерија на тагата (мизеријата): членови на семејството и гости, секој со своја тајна, се пречекани и измачувани од матријархот на семејството – Вајолет  која сака да доминира, а умира од рак на грлото.

Сликата е ваква:  Мајката  се тетерави на скалите голтајќи еден куп различни апчиња . Во трпезаријата, пак, една  жена  се исповеда за сопствената афера. Трите сестри во модерен чеховски стилизиран очај заглавени во стапицата на нивните животи не можат ниту да избегаат од сенката на нивната мајка ниту  докрај да ја напуштат  мрачната куќа. Едно малолетно девојче за малку ќе биде злоупотребено.  Наоколу се шетаат портрети на немоќни машки  ликови. Горе во поткровјето, една Индијанка ја чита Шупливи луѓе на  Т.С.Елиот. Да, сите овие се шупливи луѓе. Шупливи луѓе кои бледнеат и исчезнуваат токму каква што е состојбата на духот на луѓето во денешницата , во оваа конзумеристичка култура во која активно се учествува; рутина на животот цитирана од ритуалниот конзумеризам кој создава монструм и го паркира на паркингот чиј  краен производ е очај и психотичност.  Ова семејство во криза го симболизира колапсот на  американо-идеализмот, односно на идеализмот воопшто.

Сега, дали дисфункционалноста е новиот поредок на конзумеристичко општество? Или пак се најавува пресоздавање на нови  меѓучовечки односи?

Не постојат едноставни одговори или површни искупувања , само прашања, напливи на проникливост  заради кои  драмата ни за миг не престанува.

Билјана Крајчевска, драматург