80 години создаваме уметност
За НТБ
Народен театар - Битола — македонски театар, со статус на национална установа и најстар театар во Македонија. Седиштето на театарот е во Битола. Битолскиот народен театар е основан на 14 ноември 1944 година, со изведбата на претставата „Ѓоре Магарески“. Првите членови и основачи на театарот биле: Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко. Од 1980 година, театарот работи во нов објект.


ИНФОРМАЦИИ ЗА СЦЕНАТА
ГОЛЕМА СЦЕНА
- Капацитет: 418 седишта
- Сцена: 17m ширина, 14m длабина
- Просцениум: 12,5m ширина, 3,5m
- Страничен простор: 11m ширина, 17,5m длабина
- Комплетно опремена кабина за светло
- Комплетно опремена кабина за тон
- Соба за шминка
- Заеднички простор за одмор



ПРОСТОР ЗА РЕКЛАМА
Информации за рекламирање
- Димензии: 247cm ширина, 254cm висина
- Можност за дигитална реклама
- Банер на веб-страната на Театарот
- Реклама на репертоар
- Реклама на билет
- Видео реклама на дигитален репертоар