БОЖЕНСТВЕНА КОМЕДИЈА

Режија: Александар Исаков

Асистент на режија: Јован Ристовски
Превод од руски: Оливера Павловиќ
Сцена: Валентин Светозарев
Костими: Благој Мицевски
Музика: Марјан Неќак
Кореографија: Јагода Димовска
Светло: Илија Димовски
Видео: Сергеј Светозарев

Инспициент: Митко Ивановски
Суфлер: Зорка Ѓаковска

Премиера: 28.02.2015 година

Улоги:
Создателот: Борис Чоревски
Ангелот А: Душко Јовановиќ
Ангелот Д: Филип Мирчевски
Ангелите – Б,В,Г: Александар Копања,
Петар Спировски
Александар Стефановски
Адам: Борче Ѓаковски
Ева: Сандра Грибовска

Долгогодишниот соработник на Народниот театар, гостинот од Русија, Александар Исаков, е заслужен артист на Русија, главен режисер на Санкт-Петербургскиот државен театар на музичка комедија. Раководител е и професор на катедрата за режија и актерска игра на Санкт-Петербургскиот хуманитарен универзитет на професионалните сојузи.
Претставата „Божествена комедија“ од Исидор Шток е негова четврта постановка во Народниот театар во Битола. Неговата соработка со овој театар започнува во 1997 год. со постановката на претставата „Женидба“ од Н. Гогољ. Потоа следуваат претставите „Патувам, патувам…“од Н. Кољада (2001) и „Минхаузен“ од Г. Горин (2011).
Иако насловот „Божествена комедија“ во нашата свест е неразделно засекогаш поврзан со името на славниот Данте Алигиери, оваа претстава нема никаква врска со неговото дело. Инспирацијата за истоимената пиеса, советскиот драматург Исидор Шток ја добил од серијата весели цртежи-графики на францускиот уметник Жан Ефел, издадени во четири албуми (1984) под назив „Создавањето на светот“. Ефел на оригинален начин, остроумно и духовито ја прераскажува библиската верзија на создавањето со коментари за најшироката читателска публика. Од тие мотиви, Шток гради иронично и во исто време лирско драмско дејство, во чиј центар на случувања е љубовта меѓу мажот и жената.

О. Павловиќ

* * *

Претставата „Божествена комедија“е – приказна за раѓањето на љубовта на земјата. Ниеден рај не може да ги замени тие чувства. А што ако Адам и Ева не го пробаа забранетиот плод, ако не се уплашеа од Божјиот гнев? Немаше да се родат нивните деца, и децата на нивните деца. Немаше да ги имаме и ние денес. И, секако, немаше да се појави нашата претстава.

Александар Исаков