Хекуба: Габриела Петрушевска Агамемнон: Петар Мирчевски Полковникот: Слободан Степановски
Оваа драма во седум слики ни ги прераскажува сите наши приказни за уривањето, за злосторствата, за мирот и војната, за вистината и лагата, за мажот и жената, за минатото што ужасно трае во СЕГА, за човековите страсти и порази, за погубноста на погубувањето. За тежината на овој текст да биде уште поголема, Георгиевски го посветува на „Македонските мајки кои раѓале по едно чедо повеќе отколку што крвниците можеле да потоморат“. Овој театар не остава ниту еден момент на празнина, ниту каква било сенка која лута по ќошевите на сцената. Овој е театар на којшто театарот му се радува.