Современа комедија која ги отвара прашањата за романтиката, за искреноста и се потенцираат и преиспитуваат основните човечки прашања. Во каков свет живееме? Во каква човечка цивилизација сме пораснале? Како ќе се развиваме? Во што ќе се пртетвориме? Како високата технологија влијае на човечката раса и природа на планетата земја? Дамата влегува во во секс шоп од љубопитност , а продавачот најљубезно и професионално и презентира секс -реквизити. Во таа ситуација ликовите спонтано се запознаваат , а преку нивниот заплет ги откриваат на комичен начин нивните фрустрации и комплекси. Со тоа индиректно авторот комплетно ни ја доловува денешната слика на европските граѓани и нивната судбина.