Авторски проект на Марјан Георгиевски, кој заедно со Александар Димовски го создаваат овој “cinema theatre” користејќи повеќе алатки кои ги пружа театарот и филмот го создаваат овој театарски моноспектакл.
Дизајн на звук и музика: Александар Димовски Видео оператор: Владимир Переловски Фотографија на плакат: Сашо Илковски
Премиера: 05.04.2023
Игра: Марјан Георгиевски
Гласови:
Јасмина Василева
Марко Богдановски
Марија Стефановска
Невена Ѓаковска
Погледнете ја приказната за еден балканец, за се она што му е обесено на вратот, за неостварените мечти, за “зацапаноста” во малограѓанштината, за соништата кои не можат да се остварат. За тоа кога сме притиснати до ѕид – како животни, кога немаме друг избор освен да го земеме животот во сопствени раце. За бегањето од сопствените корени. Како е да се сонува со џебови полни камења? Пред недела дена мислев дека имам совршен живот а денес сакам да си излезам од кожата!