КРВАВИ СВАДБИ

Федерико Гарсија Лорка

Режија: Љупчо Ѓорѓиевски
Костимограф: Благој Мицевски
Сценограф: Валентин Светозарев
Композитор: Марјан Нечак
Светло: Илија Димовски

Вокал: Талевска Биљана
Хармоника: Митровски Димитар

Инспициент: Мирослав Лазаревски
Суфлер: Радојка Димеска

Премиера: 14.11.2017 година

Улоги:

Мајката: Соња Михајлова
Свршеничката: Викторија Степановска Јанкуловска
Жената на Леонардо: Маја Андоновска Илиевски
Слугинката: Јулијана Стефанова
Сосетката/Смртта: Менка Бојаџиева
Леонардо: Огнен Дранговски
Свршеникот: Васко Мавровски
Таткото на свршеничката: Борис Чоревски
Самовили / девојки: Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Христина Стефановска
Деца: Димитра Николова, Јована Горко

“Крвави свадби” е еден од најзначајните драмски текстови на 20-от век. Големиот шпански поет и драматург Лорка го напишал во 1932 год. и следната година сам го поставил со огромен успех. Таа драма и денес е непресушна инспирација и живее на многу театарски сцени ширум светот. Неа Лорка ја напишал според вистински настан што го прочитал во весник неколку години порано. Во суштина тоа е лирска љубовна трагедија за бракот од калкулација,за љубовта и љубомората, за страста и крвната освета, за честа и традицијата. Лорка оваа драма ја пишува како внатрешен крик кон заостаната Шпанија во предвечерјето на Франконизмот каде што слободата на личноста се гуши во традиционалните стеги и материјалните калкулации. Од тој крик кој допира и денес се ослободуваат две вечни димензии на човековото битисување – ЕРОС и ТАНАТОС. Претставата е еден танц помеѓу нив при што човекот како играчка се препушта на бурата на страста што се ослободува од тој танц во очајнички обид да ја дофати среќата. Просторните и историските координати распукнуваат и од неа извира митска матрица која во прозаичната денешница делува како темпирана бомба.

Љупчо Ѓоргиевски