НО(Е)ВА МАКЕДОНИЈА

Текст: КокаНое МладеНоевиќ, БилјаНоа КрАркајчевска и актерите

Режисер: КокаНое МладеНоевиќ
Драматург: БилјаНоа КрАркајчевска
Сценограф: ВалеНоентин СветоШарев
Костимограф: Благој Шара- МицеНоевски
Сценски движења: АркАндреја КулеНоешевиќ
Композитор: ИреНоа ШароПоповиќ
Асистент на режија: ЈоваНое АркаРистовски

Светло мајстор: ИлиНое ДимоНоевски
Тон Мајстор: АлексаНоедар ДимоНоевски
Инспициент: ШарМирослав ЛазАркаевски
Фотограф :Александар Буневски

Улоги:
AркаНевска- ДрангоНоевска КатАркина
ШарГрамосли ВалеНоентина
ШараГрибовска СандрAрка
ДимиНоетрова АркАнгела
ДрангоНоевски ОгНоен
АркоЃаковски Борчерат
AркоМирчевски ШарМартин
ШараПројчевски Нoeкола
СпироНоевски ПетAркар
СтепаНоeвска- ЈанкулНоевска ВикАркоторија
СтефаНоeв Нoeкола
ЧореШаревска Ноелина

Авторскиот проект “Но(е)ва Македонија” претставува ангажирана општествена сатира која има за цел да ги истражи механизмите на политичката грандоманија, манипулација, злоупотребата на историските документи и фалсификувањето на историските факти, што се во интерес на одредена група на луѓе, која во одреден историски момент, се прогласува себеси не само за спасител, туку и за основач на целокупната нација и нејзината традиција.
Несомнено, реферирајќи на историската мегаломанија на бившата македонска власт и нивните проекти кои ја изопачија сликата на нацијата, Но(е)ва Македонија ќе се обиде да отиде чекор понатаму во монтипајтоновски апсурд.
Поаѓајќи од претпоставката дека, во моментот кога се завршува мегаломанската трансформација на главниот град во доцноантичка престолнина, е пронајден документ што покажува дека планината Арарат, (позната од Стариот завет како крај на патувањето на Ноевата арка), не е за нас познатиот Арарат туку Шарарат, поточно Шар Планина во Македонија, започнува приказна која зборува за нов круг на историски лудило.
Може ли да се одолее на еден ваков предизвик и да не се искористи можноста една нација, наместо “една од најстарите на Светот”, да стане навистина најстара нација, прва и единствена, онаа на чие тло се одигрувале чудата на Стариот завет и која овозможила опстанок на планетата “примајќи ја во својата прегратка арката на Ное што ги има зачувано примероците од целиот познат свет”?
Ова прашање, кое како наркотик делува на мозокот на националистите и политичките грандомани, стартува, секако нов круг на лудило, нови творби, трошоци и ретроактивно менување на комплетната историја.
Безбројни се можностите на планот на комедијата кои се отвараат со ваков заплет – забавни како Аристофан и немилосрдни како Брехт; веруваме дека “Но(е)ва Македонија” ќе успее да му наштети на едно унаказено мислење и делување, кое воопшто не е непознато на нашите простоти, и произлегува од главите на историските авантиристи на овие наши простори од доцноантичка Македонија, но и од Голема Србија и Голема Хрватска.

КокаНое МладеНоевиќ, режисер