Автор: Иван Вирипаев Режија: Марјан Ѓорѓиевски Музика: Александар Димовски Сцена: Валентин Светозарев Костими: Благој Мицевски Инспициент: Митко Ивановски Суфлер: Зорка Ѓаковска
Премиера: 23.03.2017
Улоги:
Илина Чоревска Валентина Грамосли Соња Ошавкова Маја Андоновска –Илијевски Ангела Димитрова Николче Пројчевски Александар Димитровски Живко Борисовски Никола Стефанов
Живееме млитав живот полн со банални проблеми; капиталистичката машинерија ги одзема од нас основните етички и морални вредности правејќи нe лицемерни, празни, изгубени, подли, неспособни да се променуваме и да бидеме подобри луѓе.
Се изгубивме себе си, а тие до нас стануваат лешеви кои по некоја механика нe поднесуваат; се замислуваме богови на земјата, а единствено што постигнуваме е полно его-станавме муцки полни фалба и ништо друго.
Ова е претстава не одговора, оваа претстава поставува прашања: што е вистината, до каде стигнавме, што направивме, какви сме денес, како да си кажеме дека сме изгубена генерација, дека заборавивме да простуваме; како на крајот од трката сфаќаме дека сe е бесмислено, банално. Ете тогаш започнува тишината, тогаш започнува и горчливата комедија – “ Пијани ”.