СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ

Улоги:
Петар Горко-Доктор Франкл
Васко Мавровски-Доктор Леман/ Довидл
Соња Михајлова-Госпоѓа Шилер
Сандра Грибовска- Тили, сопруга на Франкл
Борче Ѓаковски-Милош,затвореник
Ангел Мицевски -Ерих
Иван Јерчиќ

Испициент: Митко Ивановски
Суфлер: Зорка Ѓаковска

ПРЕМИЕРА: 28.02.2017 (праизведба)

Дали во душата на човекот може да се бара причината за огромната омраза и злоба во општеството , како онаа кон Евреите? Ако е така, дали искоренувањето на таа злоба и на сите други општетсвени проблеми може да се пронајде во лекување на индивидуата , независно од тоа дали индивидуата е предатор или плен? И дали таа општествена болест е производ на идеологија, која е над човечкиот ум,над психолошките толкувања, над сите лекувања, па тоа ја прави уште пострашна? Овие прашања се сржта на Смислата . Судирот меѓу Бети (пациентката ) и Франкл (психијатарот) , како и долгогодишната борба на Франкл и другите затвореници во нацистичките концентрациони логори, претставуваат обид да се сфати вистинското значење на силите што владеат со нашиот свет -и тогаш и сега .

Идо Нетанјаху