ТАТКО НА ТАТКОВИНАТА

Автор и режисер: Иван Пеновиќ

Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Благој Мицевски
Композитори: Филип Триплат и Карло Мркша
Превод од хрватски јазик: Сузана Брезовец
Светло–мајстор: Горан Петровски
Тон–мајстор: Николче Терзиевски
Инспициент: Мирослав Лазаревски
Суфлер: Гордана Михајловска

Премиера: 21.12.2022

Играат:

Татко Иби – Никола Пројчевски
Мама Иби – Викторија Степановска-Јанкуловска
Курдела – Мартин Мирчевски
Владимир – Марјан Ѓоргиевски
Каја – Сандра Грибовска-Илиевска
Леон – Никола Стефанов
Ицо – Борче Ѓаковски
Џони – Александар Стефановски
Зоран – Петар Горко
Јагода – Соња Ошавкова
Гурелав – Филип Мирчевски
Пецо – Иван Јерчиќ

“Сите што го читате овој текст, во дигитално или во печатено издание, да знаете,знам дека го читате. Со самото читање,а немојте многу да читате,затоа што ештетно за очите, влеговте во кругот на луѓе на кои им е одобрено и да ме гледаат.
Татко на татковината е верзија на приказната за мене, која ви е приспособена вам по сите закони на парафизиката и законите на движење. Бидете храбри. Протестирајте со гледање, а не со бегање, зашто додека гледаме, дотогаш и постоиме.”
Крал Иби

***

“Татко на татковината” е адаптација на култната драма на Алфред Жари, Кралот Иби, која дејствието на драмата, позната на нашите простори, го сместува во механизмот на телевизиски програм, кој пак е поставен на театарските штици. Оваа претстава во претстава ги доведува во судар двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Во таа хаотична средба гледаме приказна што речиси со детски јазик ги отвора прашањата за идентитетот, како индивидуалниот, така и колективниот. Мама и Тато Иби го покренуваат дејствието во оваа претстава преку незаситното барање внимание, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето цврст идентитет.

Иван Пеновиќ, режисер

© 2023 НУ Народен Театар – Битола / NI National Theatre – Bitola