ВОЛШЕБНИТЕ КУЧИЊА И ТАЈНАТА НА КУТИЈАТА

Автор Билјана Крајчевска
по мотиви на Ханс Кристијан Андерсен

Режија: Јован Ристовски
Драматург: Билјана Крајчевска
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Благој Мицевски
Музика: Александар Димовски
Светло: Горан Петровски
Видео: Владимир Переловски
Инспициент: Димитар Михајловски
Суфлер: Гордана Михајловска
Фотографии и дизајн на плакат: Сашо Илковски

Премиера: 25.12.2023

Играат:

Кристијан Танчевски
Наталија Ристеска
Илина Чоревска
Соња Ошавкова
Елена Моше
Александар Стефановски
Живко Борисовски
Никола Стефанов

Дете, ова е една приказна како и сите приказни. Има сонување, има волшепства, има вештерка и принцеза и кучиња, и глувче и електричар и што уште не – во тајната кутија. Но, со еден збор, ова е само едно необично патување во светот на другарството. Ќе се запрашате зошто? Затоа што секогаш кога неволјите ти изгледаат дека нема да престанат или кога имаш некоја важна мистериозно – тешка задача за која ти требаат моќи на супер херој- другарството е она што ќе ти помогне и ќе те одведе „право дома“. Дури и онаму, изгубени во некој „чуден свет и измислен свет“, кога ќе сретнеш нови пријатели, со нов изглед и нови лица на крајот сфаќаш дека тоа се оние истите твои другари од реалноста, но тука ги обликуваш со помош на имагинацијата и најважно со силата на љубовта -скриената тајна во волшебната кутија. (Посветена на Лина и Ангел) Билјана Крајчевска, авторка на „Волшебните кучиња и тајната на кутијата“