ВУЈКО ВАЊА

ВУЈКО ВАЊА
Антон Павлович Чехов

Користени преводи:
А. Неверова – Христова, О. Павловиќ, Д.Биљановски

Режија: Софија Ристевска Петрушева
Драматург: Билјана Крајчевска
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Андреј Ѓорѓиевски Папаз
Композитор: Александар Талевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Шминка: Стефанија Стојчевска
Дизајн на тон и тон мајстор: Александар Димовски
Дизајн на светло и светло мајстор: Горан Петровски
Дизајн на видео и рекламен материјал: Сашо Илковски
Суфлер: Мирјана Христовска
Инспициент: Мирко Лазаревски

Премиера: 26.01.2024

ЛИЦА:

ВОЈНИЦКИ, ИВАН ПЕТРОВИЧ, ВУЈКО ВАЊА, син на Марија Василевна – ПЕТАР ГОРКО

СЕРЕБРЈАКОВ, АЛЕКСАНДАР ВЛАДИМИРОВИЧ, професор на универзитетот во пензија – АЛЕКСАНДАР ДИМИТРОВСКИ

ЕЛЕНА АНДРЕЕВНА, негова жена; на 27 години – ЈУЛИЈАНА МИРЧЕВСКА

СОФИЈА АЛЕКСАНДРОВНА (СОЊА), негова ќерка од првиот брак – КАТЕРИНА АНЕВСКА – ДРАНГОВСКА

ВОЈНИЦКА, МАРИЈА ВАСИЛЕВНА, вдовица на таен советник, мајка на првата жена на професорот – МАРИЈА СТЕФАНОВСКА

АСТРОВ, МИХАИЛ ЉВОВИЧ, лекар – НИКОЛА ПРОЈЧЕВСКИ

ТЕЛЕГИН, ИЉА ИЛИЧ, пропаднат спахија – ВАЛЕНТИН ДАМЧЕВСКИ

ВУЈКО ВАЊА е претстава што многу детално ги разработува темите за изгубената среќа, срушените надежи, стравот од губењето на домот, стареењето, како и болното секојдневно психолошко преиспитување – дали нашите животи се среќни, дали живеевме онака како што сакаме, или без борба се предаваме на околностите што не заобиколуваат.
 
ВУЈКО ВАЊА е претстава за страста, за губењето, за семејството и за разочарувањето, за општествената опресија и за животните избори, за староста, за тагата, но и за надежта, што константно не тера да одиме напред и упорно не стимулира одново и одново да продолжуваме да живееме!