ЕДМОНД

ЕДМОНД
Дејвид Мемет

Режија: Оливер Мицевски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Музика: Марјан Неќак
Светло: Горан Петровски
Инспициент: Димитар Михајловски
Суфлер: Мирјана Христовска
Дизајн на рекламен материјал и видео: Сашо Илковски

ПРЕМИЕРА: 28.06.2025

Играат:

Огнен Дранговски
Валентина Грамосли
Соња Михајлова
Марјан Георгиевски
Ана Грамосли
Борче Ѓаковски
Александар Стефановски
Филип Мирчевски
Викторија Степановска Јанкуловска
Маја Андоновска Илијевски

ЕДМОНД го следи вртоглавото / спирално патување на бизнисменот Едмонд Бурк и неговите кошмарни 48 часа во њујоршкото подземје, каде што барајќи возбуда и среќа, од баналноста на неговата канцеларија и монотон семеен живот завршува како убиец и подоцна како затвореник, најверојатно осуден на доживотен затвор. Богат со многу параболи, референци на Хамлет и Библијата, прошаран со несекојдневно брутален јазик и агресивни сцени, главното прашање коешто ЕДМОНД го отвора е прашањето на слободата. Што е слободата всушност? Дали потрагата по слобода прави всушност, незабележително да станеме робови на својата (потрага по) слобода. Дали откажувањето / лимитирањето на своите желби го олеснува патот кон слободата? Не случајно, мотото на ЕДМОНД е : “Внимавај што посакуваш.” Иронично, Едмонд изјавува дека е конечно слободен и среќен дури на крајот, по сите перипетии, во затвор, со крајно лимитирана слобода на движење … Во времето во коешто живееме, каде што многу лесно може да имаме се, кога се ни е достапно, кога нашето “силување” на слободата не направи најнесреќни луѓе во историјата на човештвото, ЕДМОНД на Дејвид Мемет е повеќе од потребен. Не како лекција, бидејќи не верувам во дидактичен театар / театар што испраќа пораки, туку како можност за рефлексија на сите нас, да се запрашаме кои сме, каде одиме и какви сакаме да бидеме.

Оливер Мицевски, режисер

© 2025 НУ Народен Театар – Битола / NI National Theatre – Bitola