Погледнете ја приказната за еден балканец, за се она што му е обесено на вратот, за неостварените мечти, за “зацапаноста” во малограѓанштината, за соништата кои не можат да се остварат.
За тоа кога сме притиснати до ѕид – како животни, кога немаме друг избор освен да го земеме животот во сопствени раце.
За бегањето од сопствените корени.
Како е да се сонува со џебови полни камења?
Пред недела дена мислев дека имам совршен живот а денес сакам да си излезам од кожата!