МОЛИТВА ПО ДОСТОЕВСКИ

Режија: Валентин Светозарев
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Музика: Валентин Светозарев и Фолтин
Светло: Горан Петровски

Премиера: 21.05.2021

Играат:

Огнен Дранговски
Катеерина Аневска Дранговска
Валентин Светозарев
Фолтин

Проектот Молитва по Достоевски е инспириран од делото, животот и филозофијата на два светски великани – Фјодор Михајлович Достоевски писател и Владимир Семјонович Висоцки поет, кант-автор , музичар и актер. Претставата Молитва по Достоевски се обидува да ја обедини и соедини музичката и актерската енергија на единствените – групата Фолтин со онаа на актерите Огнен Дранговски и Катерина Аневска Дранговска, катализирана од сценографот Валентин Светозарев и обединета од мотото “Убавината ќе го спаси светот”. Оваа година светот ја одбележува и слави 200 годишнината од раѓањето (по мислењето на по многу компетентни стручњаци) на најголемиот писателски гениј на човековата цивилизација – Достоевски. Како институција која често пати во својата историја се навраќала на делото на генијот Достоевски. Народниот Театар – Битола и овој пат се вклучува во светското одбележување на овој значаен датум. Во формата концерт – претстава покрај цитатите од големите романи: Злостосторство и Казна Браќа Карамазови, Бедни луѓе, Записи од Мртвиот дом, Коцкар како и песните на Владимир Висоцки, прозвучуват уште неколку познати музички теми од Булат Окуджава, Ана Герман и други. Непосредните учесници се и автори на проектот.