Превод: Ана Светозаров Режија: Андреј Цветановски Сцена: Сергеј Светозарев Костими: Марта Дојчиновска Музика: Димитар Андоновски Дизајн на светло : Димче Сапсевски Дизајн на тон : Александар Димовски Инспициент: Мирко Лазаревски
Премиера: 14.10.2015
Улоги:
Соња Михајлова Марјан Ѓорѓиевски
Оваа претстава е обид да покажеме што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на она што се случува надвор. Една фамилијарна приказна која е фантастично напишана и иако е дуо драма сепак зборува за историјата на човештвото, едно парче живот во кој се случуваат големи потреси во надворешниот свет, а со тоа и во нивниот изолиран внатрешен свет. Психолошка драма која ги напаѓа сите сетила и емоции. Нешто што ги разрушува и уништува сите оние работи што семејството ги гради. Приказна која зборува за поинакво семејство, понижувано смејство кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет.