Дали во душата на човекот може да се бара причината за огромната омраза и злоба во општеството, како онаа кон Евреите? Ако е така, дали искоренувањето на таа злоба и на сите други општетсвени проблеми може да се пронајде во лекување на индивидуата, независно од тоа дали индивидуата е предатор или плен? И дали таа општествена болест е производ на идеологија, која е над човечкиот ум,над психолошките толкувања, над сите лекувања, па тоа ја прави уште пострашна? Овие прашања се сржта на Смислата. Судирот меѓу Бети (пациентката ) и Франкл (психијатарот), како и долгогодишната борба на Франкл и другите затвореници во нацистичките концентрациони логори, претставуваат обид да се сфати вистинското значење на силите што владеат со нашиот свет – и тогаш и сега.
Идо Нетанјаху