СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ

Бранислав Нушиќ
Превод: Илија Милчин
Адаптација и режија: Деан Дамјановски
Сценографија и дизајн на плакат: Филип Јовановски
Изработка на сценографски елементи: Иванчо Велков
Костимографија: Андреј Папаз Ѓоргиевски
Композитор: Марјан Неќак
Видео дизајн: Гоце Веселиновски
Изработка на сценографски елементи: Иванчо Велков
Тон – мајстор: Александар Димовски
Светло – мајстор: Горан Петровски
Инспициент: Димитар Михајловси Суфлер: Мирјана Христовска

Премиера: 27.07.2021

Улоги:

ЈЕРОТИЕ ПАНТИЌ, Началник на околија – Марјан Ѓорѓиевски
АНЃА, негова жена – Валентина Грамосли
МАРИЦА, нивна ќерка – Јулијана Мирчевска
ВИЌА, обвинител – Никола Пројчевски
ЖИКА, полициски инспектор – Филип Мирчевски
МИЛИСАВ, полициски инспектор – Петар Спировски
ТАСА, помлад инспектор – Борче Ѓаковски
ЃОКО – Никола Стефанов
АЛЕКСА ЖУНИЌ, околиски шпиун – Александар Копања
СПАСЕ, трговец – Александар Стефановски
МИЛАДИН, трговец – Васко Мавровски
АЛЕКСА, виртуелен асистент – Сандра Грибовска

„Ја прочитав Вашата драма и можам да речам дека ми се допаѓа… Мислам дека би имала добар успех и на сцената… Но, јас, млад човеку, Ве советувам, да го однесете овој ракопис дома и да го запалите!“
Ова се зборовите со кои тогашниот директор на Кралскиот Српски Народен Театар (некаде во 80-те години на 19-от век) му се обраќа на младиот Нушиќ кога овој му ја носи драмата за да му биде поставена на сцена. Дури и самиот Нушиќ, кога станува директор на театарот, додека ја препрочитува својата драма, седнат удобно во својата директорска фотеља, а над главата, во златна рамка, му виси портрет на Неговото Величество Кралот, решава да го врати ракописот во фиоката од каде што го извадил и да го остави да чека некои подобри времиња. Така, комедијата „Сомнително лице“ чека скоро 40 години да го види светлото на сцената.
Оваа анегдота, иако се однесува на еден сосема друг историски период и општествено-политички контекст, има многу познат, современ призвук. Од денешна перспектива, ликот на началникот Јеротие Пантиќ веќе не е лик на симпатичен стар провинсиски чиновник, туку современ моќник и параноик, кој својата опсесија за слушање на туѓи разговори, ја ставил во функција на неговата желба за власт. Ништо подобри не се ни останатите околу него, кои ја дополнуваат галеријата на ликови на овој свет во кој никој не е невин.
Светот на „Сомнително лице“ на Нушиќ, прочитан денес, претставува еден дистопичен свет во кој шпиунирањето и недовербата, како и лицемерието, корупцијата и стравот се нешто сосема нормално. Тоа е свет во кој гротеската станува реализам, а фарсата повторно станува историја. Самиот Нушиќ, во оригиналниот ракопис за „Сомнително лице“, во поднаслов има напишано „гоголијада во два чина“. Нашата претстава може да ја наречеме „современа нушиќијада“, или, искривено огледало во кое светот и луѓето во него се претставени токму онакви какви што се.

Деан Дамјановски, режисер

© 2025 НУ Народен Театар – Битола / NI National Theatre – Bitola