Романот “Црно семе” е еден од антологиските романи кои зборуваат за Македонецот и неговата судбина. Со претставата се обидовме да се потсетиме на една голема голгота на македонците од Егејска Македонија после втората светска војна и нивните трагични судбини. Таа нивна приказна треба да биде запишана во нашиот генетски код како народ бидејќи е потребно приказната да остане жива. Приказната за издржувањето и приказната за останување свој. Бидејќи ако ние не ги раскажуваме нашите приказни, никој друг нема.
Затоа да се сеќаваме на Доне, Христо, Парис, Марко, Нико, Димо, Ѓорѓи , Јане, Ангелина и нивните имиња.
Андреј Цветановски, режисер