„Повторното обединување на двете Кореи“ е насловот на најновата премиера во Народен театар Битола, која ќе биде изведена на 28.11. Се работи за дело на Жоел Померат, а во режија на младиот словенечки режисер Јуш Зидар. Оваа провокативна драма ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени.
