Во Битолскиот театар се одржа првата премиера за оваа година, „Жиголо“, праизведба на македонскиот текст од авторот Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски. Во претставата која е драма комедија се поставуваат прашањата: Што се сме спремни да направиме за љубовта? Дали постојат граници? Дали сме спремни да преминеме преку истите?
