Премиера на „Ричард трети“ во режија на Мартин Мирчевски

Started on 06/11/2024

Најновата премиера во Битолскиот театар, трета по ред за новата сезона е ,,Ричард III“ од В. Шекспир во режија на Мартин Мирчевски, која ќе се прикаже на 25.10, петок. Се работи за независна продукција, во соработка со Битолскиот театар.

„Се радувам што нашиот колега Мартин, повторно се појавува како режисер на претстава, сметам дека ова е едно од најдобрите дела на Шекспир „Ричард трети“, истакна на денешната прес конференција директорот Васко Мавровски, додавајќи дека и оваа премиера е во рамките на програмата за одбележување на јубилејот на театарот, 80 години постоење. Покрај премиерите, од 6.до 14 ноември ќе има секојдневни настани во театарот по повод јубилејот.Ова е трет пат Мирчевски да режира претстава.

„Јас имам потреба да изградам некаков свет на сцената, да ги воведам гледачите, ние, јас, актерите и сите други да бидеме архитекти на некаков свет. Мислам дека театарот треба да се занимава со градење на светови. Театарот е возбуда, театарот е страст, кога ќе дојде публиката тука треба да плаче, да се смее, да поттикнеме емоции. Нашите претстави треба да ја вратат публиката, треба емотивно да ги допреме луѓето. Се занимаваме со човечката природа, со нашата темна и светла страна“.

Повеќе на CULTURALCHAT.ORG.MK