Претставата „Ричард Трети“ премиерно на сцената на битолскиот народен театар

Started on 08/12/2024

Ричард Трети“ е претстава со која имав потреба да изградам некаков свет на сцената и во тој свет да ги воведам гледачите, истакна Мартин Мирчевски, режисер на театарската претстава која утревечер ќе биде изведена на сцената на НУ Народен театар – Битола.

Мислам дека театарот треба да се занимава со градење на светови, театарот е возбуда, театарот е страст и затоа кога публиката кога ќе дојде во театар треба да плаче, да се смее, треба да биде возбудена, нагласи Мирчевски на прес конференција во Битола.

-Нашите претстави треба да ја вратат публиката. Во претставата се занимаваме со човечката природа, со нашата темна, но и светла страна. Дали во секој од нас постои некаков Ричард и зошто ние како луѓе, како суштества имаме толку самоуништувачки нагон за да сопствениот вид го сотриме како луѓе„ Дали постои некои друго суштество во природата што толку многу сака себеси да се самоуништи! Што се случува со светот? Половина свет гори! Ние не живееме во нормални околности и никогаш човекот како сега не бил во толку контролирана слобода. Затоа во претставата „Ричард Трети“ се занимаваме со лицемерието, со полтронството, со лошите луѓе кои не се некаде настрана, туку тие се тука околу нас, истакна Мирчевски за својот трет театарски потфат како ржисер.

Во претставата ќе настапат актерките Илина Чоревска, Маја Андоновска-Илијевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Марија Стефановска и актерите Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Кристијан Танчевски и Мартин Мирчевски.

Сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, костимографија е на Андреј Ѓоргиевски Папаз и на Марија Пупучевска за чиј ангажман режисерот искажа јавна благодарност.

Повеќе на FRONTLINE.MK