„Ѓоре Магаревски 80 години потоа“: Најстариот македонски театар, Битолскиот слави јубилеј

Started on 08/12/2024

Јубилејот на Народниот театар – Битола се одбележува токму со првата претстава, која се одиграла на македонски јазик во слободна Македонија, на 14 ноември 1944 година, кога беше изведена едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче Стефановски. Во првото театарско јадро на овој град тогаш биле Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев, Јован Бејко, со што започна со работа најстариот македонски театар, Битолскиот.

Повеќе на VECER.press