По пауза од 25 години, задоволство е повторно да се постави ваков тип на комедија — жанр кој со својата динамика, духовитост и современ сценски израз ветува одлична комуникација со публиката. Последниот водвиљ кој бил поставен на сцената беше- 2001 година, „Болва во уво“ во режија на Владимир Талевски и после една долга пауза од толку години на публиката ќе и понудиме еден нов, современ модерен водвиљ. Авторот е познат по тоа што има напишано повеќе од седумдесет водвиљи. Имаме претстава која недостигаше на репертоарот. Се обидуваме сè уште да го пронајдеме вистинскиот пат и на публиката да и го понудиме она што сака да го гледа. Мислам дека сме на вистинскиот пат.


