Претставата за деца „Пинокио“ од Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски, ќе биде премиерно изведена вечерва во 18 часот на сцената на Народниот театар од Битола. Се работи за приказна што и по повеќе од еден век нè потсетува дека патот до тоа да станеш „вистински“ минува низ искушенија, грешки и храброст. Во Битола се поставува по 30 години. Прв режисер бил Љупчо Ѓоргиевски, кога ликот на Пинокио го толкувала актерката Валентина Грамосли која повторно ќе настапи, но сега во улогата на Штурецот.
You May Also Like
МНТ, Драмски и Велешки театар гостуваат во Битола
Started on 19/09/2026
Премиера во Битолскиот театар „Ричард трети“
Started on 19/09/2026


