Претставата „Црно семе“, по романот на Ташко Георгиевски од 1966, а во режија на Андреј Цветановски, на 16 април ќе има премиера на Народниот театар од Битола. Ова е прва театарска драматизација на славното дело на Георгиевски, а ја направи Јелена Цветановска. По сценарио на Георгиевски засновано на романот, во 1971 Кирил Ценевски го сними еден од култните македонски филмови, кој тогаш беше и југословенски кандидат за Оскар.
